| четврток, 6 декември 2018 |

Поголем одзив за гласање во Германија од првиот круг

До 13 часот во Берлин, Бон и Минхен за идниот претседател гласале 41 процент од пријавените Македонци, додека за пратеник (од Европа) во Собранието се изјасниле 591 граѓанин од евидентираните 2.185 избирачи.

Македонската дијаспора во Германија денеска (26.04) гласаше за вториот круг претседателски избори, а истовремено и за претставник од Европа, пратеник во Собранието кој ќе ги претставува интересите на иселeниците. За разлика од пред две недели, кога зa гласање за идниот шеф на државата биле пријавени вкупно 499 лица, за предвремените парламентарни избори во цела Германија биле регистрирани 2.185 граѓани со право на глас. До 13 часот во трите изборни места – во Берлин, Бон и Минхен, одгласот бил поголем од пред две седмици Вкупно гласале 591 лица, што претставува просечна излезеност од 27,32 проценти..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top