Вардар денеска против Фленсбург во реванш четвртфиналето во Лигата на шампионите. Од 17 часот, ќе се игра во пеколен амбиент во салата „Борис Трајковски“. Полет и дополнителен елан да се успее, да се стаса до позиција која веројатно никој пред стартот на сезоната не ја очекуваше, ќе бидат навивачите на македонскиот шампион.
Скопје и Македонија ја тресе ракометна грозница што трае цел циклус, а кулминацијата е денеска. Нема назад, нема веќе поправен испит и во 60 минути Раул Гонзалес мора да го надмудри Љубо Врањеш, Дибиров повторно ќе треба да го покаже неверојатниот репертоар удари од крило, тивкиот Брумен да биде прецизен од спротивната страна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.