За претседателските избори треба да гласаат 8.332 гласачи на 34 избирачки места во ИЕ 7 (Европа и Африка), ИЕ 8 (Северна и Јужна Америка) и ИЕ 9 (Азија и Австралија). На овие избори дијаспората првпат гласа за претседател на државата. Во Седмата изборната единица на гласање за претседател треба да излезат 5.892 избирачи, во ИЕ 8 – 1.426 и во ИЕ 9 – 1.014.
Во Избирачкиот список за гласање на претседателските избори се запишани и 39 внатрешно раселени лица, 1.706 лица на издржување казна затвор или притвор, а дома ќе гласаат и болните и немоќните, како и лицата во домашен притвор кои се ппријавиле да гласаат.
На утрешниот втор круг од претседателски избори право на глас имаат 1.779.572 избирачи. За претседател ќе биде избран кандидатот кој на вториот круг од изборите ќе освои повеќе гласови под услов на гласање да излезат најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело.
Во 36 дипломатско-конзуларни претставништва на Македонија за гласање на предвремените парламентарни избори се пријавиле 23.782 македонски државјани кои работат или престојуваат во странство.
Според прегледот на ДИК, најмногу пријави за гласање има во ИЕ 7 што ги опфаќа Европа и Африка – 18.911. Во ИЕ 8 треба да гласаат 3.337 македонски државјани. Оваа изборна единица ги опфаќа Северна и Јужна Америка. Во Деветтата изборна единица пријавени за гласање се 1.534 македонски државјани.
Во Европа најмногу избирачи се пријавени во амбасадата на Македонија во Швајцарија во Берн – 4.131, потоа 3.749 во конзулатот во Венеција и 1.840 во амбасадата во Виена. Во овие ДКП ќе има по две избирачки места. Исто така, голем е бројот на пријавените кои треба да гласаат во амбасадата во Рим – 1.597, како и во Љубљана 1.044. Во Бон се пријавени 870 македонски државјани, во Брисел 777, потоа во Берлин 687, во Тирана 636, во Минхен 628. Во оваа ИЕ најмалку пријавени има во Анкара, само 13. Во Париз за гласање се пријавени 328, во Белград 419, во Копенхаген 281, Стокхолм 273, во Лондон 259, Загреб 247, во Прага 192, во Хаг и во Приштина 177, во Истанбул 165, Стокхолм 273, Загреб 247, во Подгорица 159, Осло 108, Сараево 99, Софија 67, Букурешт 38, Москва 33.
Во ИЕ 8 најмногу пријавени македонски државјани за гласање има во Чикаго – 1.040, додека во Њујорк за гласање се пријавени 1.005 македонски државјани, во Торонто пријавени се 687, Детроит 520, во Вашингтон 40 и во Отава 42.
Во ИЕ 9 има само три избирачки места и тоа во Мелбурн каде за гласање се пријавени 1.114 македонски државјани, во Канбера 409 и во Пекинг само девет.
Гласањето во избирачките места се одвива од 7 до 19 часот, согласно временската зона во земјата.
Според Избирачкиот споисок за парламентарните избори денеска треба да гласаат 1.843 затвореници, 38 внатрешно раселени лица, болните и немоќните и лицата во домашен притвор. За гласање на овие избори, според информациите на ДИК, се пријавиле околу 4.000 болни и немоќни лица.
Пратениците се избираат според пропорционалниот модел во Македонија, а според мнозинскиот во дијаспората. Територијата на Република Македонија е поделена на шест изборни единици и во секоја се избираат по 20 пратеници, а тројца пратеници се избираат во дијаспората – по еден пратеник од трите изборни единици: Европа и Африка, Северна и Јужна Америка и Австралија и Азија.
Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат 1.780.128 граѓани. По изборни единици за парламентарните избори во првата запишани во ИС се 297.686 гласачи, во ИЕ 2 306.067, во ИЕ 3 280.891, во четвртата 280.810, во ИЕ 5 286.434 и во шестата 304.458 гласачи. Најмногу пријавени за гласање во дијаспората има во ИЕ 7 (Европа и Африка) 18.911, во осмата (Северна и Јужна Америка) 3.337, додека во ИЕ 9 (Австралија и Азија) 1.534.
Во средата гласаа и 326 членови на избирачките одбори кои го спроведуваат денешното гласање во ДКП-ата и конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство.
Изборите ќе ги набљудуваат, според податоците објавени вчера на веб-страната на ДИК, 9.952 домашни и 550 странски набљудувачи, за чии потреби се акредитирани и 283 преведувачи. Изборите ќе ги следат и триесет странски новинари, според ДИК.
Досега се одржани четири избори за претседател на Република Македонија во 1994, 1999, 2004 и 2009 година.
Првите избори за пратеници во Собранието беа одржани во 1990 година, вторите во 1994, третите во 1998, четвртите во 2002, петтите во 2006, a шестите во 2008 година и седмите во 2011 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%