Фудбалската федерација на Македонија, ги објави официјалните цени на билетите за натпреварот против Белгија на 22. март, и тие ќе чинат од 200 до 600 денари.
Грото од нив, или точно 15.672 влезници, ќе бидат по најниските цени од 200 денари, за позициите на источната, западната и дел од јужната трибина. Централните места на Север и на Југ, ќе бидат најскапи по 10 евра, а такви билети има 6.616. Уште толку ќе бидат пуштени во продажба по цена од 400 денари, а и тие се исклучиво за двете централни трибини.
Натпреварот ќе се игра од 20,45 часот на „Филип втори“ арена, а гостите од Белгија најавуваат подршка од околу илјада свои навивачи во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.