
Лидерот на Алијансата за Позитивна Македонија, денеска во АПМ одржа прес-конференција на која на еден ден пред молкот искажа задоволство што кампањата на Коалицијата за Позитивна Македонија водеше позитивна кампања, во која не се користеше говор на омраза ниту пак се напаѓаше политичкиот ривал .
-Денеска е последниот ден од кампањата од предвремените избори 2014. Би сакал да изразам едно големо задоволство во текот на кампањата, гледано од аспект од Коалицијата за Позитивна Македонија која е составена од Алијансата за Позитивна Македонија и Партијата на Обединети Пензионери и Граѓани на Македонија. Нашето задоволство се состои во едно чувство дека одработивме една кампања во контекст на она што го кажавме на почетокот а тоа е дека ќе биде позитивна и полна со енергија, полна со проекти за подоброто на граѓаните. Дефинираме и каде лежи одговорноста за се што се случува во Македонија во целиот овој период од 23 години. Успеавме да ја раскажеме нашата приказна во 20 дена кампања и успеавме да допреме до многу луѓе, до многу совесни и позитивни граѓани. Направивме преку 700 настани, поминавме многу илјади километри и буквално влеговме во секој македонски град па и село, се качивме на секој важен македонски камен . Од таму ги пративме нашите пораки, дека Македонија крајно време е да се сврти кон развојот, крајно време е македонските граѓани да се обединат не против некого туку меѓусебе за убави цели и за развој на Македонија. За жал, останавме сами во оваа кампања заради тоа што единствено КПМ зборуваше за развој. Јас лично си сум горд на себе и на своите соработници што во кампањата не спомнавме ниту еден политички опонент со име и презиме , не спомнавме ниту една личност и не ја поврзавме со ниту една афера. Ние не гледавме зад нас,ние гледавме во нашата блиска и далечна иднина. Денеска сме свесни и задоволни од нашата работа и порачуваме дека на 28ми , после изборите ние нема да ги затвориме вратите на штабовите, заради тоа што ние во недостиг на време не ја раскажавме нашата приказна. Продолжуваме да ја раскажуваме нашата приказна во пресред на следните избори, изјави Зиков.

Претседателот на АПМ, г-дин Љупчо Зиков им се заблагодари на медиумите што и покрај притисоците на другите политички партии ја следеа Коалицијата за Позитивна Македонија во текот на целата кампања , бидејќи во КПМ препознале нешто позитивно, нешто убаво, вредно за минутите кои треба да ги потрошат на нивните телевизии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


