Едно од прашањата што си го поставуваат голем број од македонските граѓани се однесува на начинот на кој Заев би ја претставувал земјата на евентуални средби со светски лидери како Обама, Меркел, Путин или Оланд. Како човекот што беше инволвиран во десетици скандали во кои главни актери беа неговите најблиски роднини, кои ги водат компаниите во кои беше утврден криминал и прекршување на тендерски процедури, ќе излезе и ќе разговара на рамна нога со светските, европските или регионалните лидери?!
Заев на вакви евентуални средби би бил единствен висок државен претставник, кој бил аболициран за криминал што е вреден осум милиони евра, висок дури и за светски пригоди. Настрана прашањето како Заев би се снашол во разговори на глобални и сложени регионални теми кога тој не може да избегне гафови дури и за обични домашни прашања? Но овие прашања не се однесуваат на македонските гласачи затоа што ним и е јасно дека Заев ни оддалеку не е дораснат за врвна државна функција. Ова реторичко прашање треба да го одговори човекот што македонската јавност не го памети по некоја голема идеја или изјава туку исклучиво по гафови и погрешни процени, какви што не се дозволени ниту во македонската политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.