| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски демантира дека одземал компјутери на членови на СДСМ за да не го критикуваат на Фејсбук

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски ги демантира информациите објавени на некои портали дека одзел компјутери на членови на окружниот комитет на СДСМ Карпош кои што го критикувале за неговата одлука да се кандидира на локалните избори.

Во соопштението испратено од градоначалникот се вели:

– Станува збор за злонамерна шпекулација и дезинформација од страна на споменатите портали од ним познати побуди, без обид професионално, двострано да се провери информацијата. Јас како градоначалник и како политичар никогаш не би си дозволил таква постапка, ниту пак тоа е иманентно на моето практикување на политиката и сфаќањето на слободата на искажување на сопственото мислење, вели Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top