Едно маж е потешко повреден во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска попладне на автопатот Градско – Прилеп, во близина на селото Фариш.
Според полицијата, до несреќата дошло при директен судир помеѓу камион и патничко возило. Возачот на автомобилот добил потешки повреди, при што бил префрлен во болницата во Кавадарци и не е во животна опасност. Полицијата прави увид на местото, по што ќе се знаат и причините што ја предизвикале сообраќајката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.