| четврток, 6 декември 2018 |

Али Ахмети повторно се однесува како поп

Мно­гу­ми­на ја зна­ат ста­ра­та на­род­на при­каз­на за по­пот што се да­вел во ре­ка и не са­кал да ја пру­жи ра­ка­та до­де­ка се­ла­ни­те му ве­ле­ле „дај по­пе ра­ка“. Се сог­ла­сил да би­де спа­сен ду­ри отка­ко на не­кој итрец му тек­на­ло да ре­че „на по­пе ра­ка“

Kolumna86-1

Стек­на­ти­от реф­лекс на ли­де­рот на ДУИ, Али Ах­ме­ти, не му доз­во­лу­ва да ја пру­жи сво­ја­та ра­ка ко­га не­кој му ја ба­ра, ту­ку са­мо ко­га дру­ги­от му ја да­ва. Со дру­ги збо­ро­ви, Ах­ме­ти ја из­гра­ди сво­ја­та по­ли­тич­ка фи­гу­ра на ба­ра­ња и нив­ни ис­пол­ну­ва­ња од сво­и­те по­ли­тич­ки парт­не­ри и про­дол­жу­ва да се од­не­су­ва та­ка и на овие из­бо­ри. Ре­чи­си си­те не­го­ви јав­ни по­ра­ки до­се­га би­ле по­вр­за­ни со ос­тва­ру­ва­ње на пра­ва­та на Ал­бан­ци­те и ре­чи­си се­ко­гаш се ра­бо­те­ло за од­нос во кој тој ба­ра не­што, а дру­ги­от тре­ба да ги ос­тва­ри не­го­ви­те ба­ра­ња. Освен во на­ста­пи­те од це­ре­мо­ни­ја­лен ка­ра­ктер или во „дип­ло­мат­ска­та офан­зи­ва“, во по­ли­тич­ки­те обра­ќа­ња тој се­ко­гаш е ба­ра­те­лот. Ра­ка на ср­це, нај­го­лем дел од не­го­ви­те ба­ра­ња се ос­тва­ру­ва, во во­е­ни или во мир­но­вре­мен­ски ус­ло­ви. Трг­ну­вај­ќи од по­зи­ци­ја­та де­ка ка­ко до­ми­нан­тен по­ли­тич­ки фа­ктор во ал­бан­ска­та сре­ди­на лес­но мо­же да вли­јае врз ста­бил­но­ста на зем­ја­та, Али Ах­ме­ти и на овие из­бо­ри ре­ши да оди со ус­ло­ви. Ин­си­сти­ра­ше на кон­сен­зу­а­лен пре­тсе­да­тел иа­ко не по­ну­ди ни­ту име ни­ту про­фил на та­ков кан­ди­дат. Ду­ри и ви­со­ки чле­но­ви на ДУИ не мо­жат со си­гур­ност да ка­жат ка­ков тре­ба да би­де кон­сен­зу­ал­ни­от кан­ди­дат зад кој би за­ста­на­ла и ДУИ.

По пр­ви­от круг на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри, Али Ах­ме­ти мо­же да би­де прог­ла­сен за по­бед­ник за­тоа што ус­пеа да ги убе­ди Ал­бан­ци­те во нај­го­лем дел да оста­нат до­ма и да не гла­са­ат за ни­кој од кан­ди­да­ти­те. Во слу­ча­јот не е важ­но да­ли тоа се слу­чи по­ра­ди страв де­ка Ал­бан­ци­те што ќе из­ле­зат на гла­са­ње, ќе би­дат ети­ке­ти­ра­ни ка­ко гла­са­чи на ДПА или де­ка ќе се нај­дат на спи­со­ци за од­маз­да, ка­ко што твр­ди Мен­дух Та­чи. По­важ­но е де­ка таа по­бе­да на Ах­ме­ти по­втор­но се ба­зи­ра на прин­ци­пот ба­ра­ње – до­би­ва­ње, во кој Ах­ме­ти по­втор­но ба­ра­ше не­што и ко­га не го до­би тоа, се ре­ши на бој­кот.

Се се­ќа­ва­те ли де­ка Али Ах­ме­ти, ка­ко нај­по­пу­ла­рен ли­дер, до­се­га по­ну­дил не­што што е во ин­те­рес на си­те гра­ѓа­ни. Освен ре­то­рич­ки­те на­ста­пи во кои се за­ла­га за ин­те­гра­ци­ја, ка­ко што на­ве­ду­ва и име­то на не­го­ва­та пар­ти­ја, мал­ку­ми­на ќе се се­тат на не­го­ви се­ри­оз­ни по­ли­тич­ки от­стап­ки во ин­те­рес на си­те гра­ѓа­ни.

Во оваа кам­па­ња ДУИ ре­чи­си не се обра­ќа на по­ши­ро­ка­та јав­ност, освен ако не ре­а­ги­ра на из­ја­ви на дру­ги­те пар­тии. Во кам­па­ња­та ДУИ, од­нос­но ли­де­рот, го­во­ри за по­до­бра Ма­ке­до­ни­ја, за ви­зи­ја, за за­ед­ниш­тво, но ни­ту ед­наш не го по­ста­ви ма­ке­дон­ско­то зна­ме ка­ко сим­бол на тоа за­ед­ниш­тво. Во шта­бот на ДУИ во Скоп­је, пред аме­ри­кан­ска­та ам­ба­са­да, мо­же­те да ги ви­ди­те зна­ми­ња­та на САД, Ал­ба­ни­ја, Европ­ска уни­ја, но ни слу­чај­но не мо­же­те да го ви­ди­те др­жав­но­то зна­ме.

За раз­ли­ка од не­го­ви­от парт­нер во Вла­да­та во пос­лед­ни­те ре­чи­си шест го­ди­ни, Ни­ко­ла Гру­ев­ски, кој не­ма­ше проб­лем ди­рект­но да им се обра­ти на Ал­бан­ци­те, Ах­ме­ти вни­ма­тел­но ги под­го­тву­ва сво­и­те јав­ни на­ста­пи без да го­во­ри на ма­ке­дон­ски ја­зик или да се сли­ка пред ма­ке­дон­ско­то зна­ме. Тие што ја поз­на­ва­ат по­ли­ти­ка­та, зна­ат де­ка се ра­бо­ти за пре­диз­бо­рен мар­ке­тинг кој Ах­ме­ти не­ма хра­брост да го над­ми­не, но по­у­па­те­ни­те мо­жат да го до­жи­ве­ат ка­ко по­ра­ка де­ка со­жи­во­тот во Ма­ке­до­ни­ја ќе би­де жр­тва на дру­ги те­ри­то­ри­јал­ни и го­ле­ми др­жав­ни пла­но­ви. Од­нос­но, ка­ко што се убе­де­ни дел од ра­ди­кал­ни­те стру­кту­ри, збо­рот „ин­те­гра­ци­ја“ во име­то на пар­ти­ја­та на Ах­ме­ти не зна­чи ин­те­гра­ци­ја на ни­во на Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку ин­те­гра­ци­ја на си­те Ал­бан­ци во ре­ги­о­нот.

Всуш­ност, нај­го­ле­ма на­вре­да и де­мант за не­го­ви­те ви­зии за за­ед­ниш­тво е ток­му не­го­ви­от из­бор да не збо­ру­ва на ма­ке­дон­ски ја­зик. За раз­ли­ка од не­го­ви­от ко­а­ли­ци­ски парт­нер во Вла­да­та, Ни­ко­ла Гру­ев­ски, кој зна­еј­ќи де­ка ќе му се на­ма­ли реј­тин­гот, се сог­ла­си да ги ам­не­сти­ра ха­шки­те слу­чаи, го приз­на Ко­со­во, ду­ри спо­ред при­сут­ни чле­но­ви на вла­да­та од ДУИ на ал­бан­ски­те ми­ни­стри им пред­ла­гал отво­ра­ње дис­пер­зи­ра­ни сту­дии на те­тов­ски­от уни­вер­зи­тет иа­ко, по ло­ги­ка, тоа пра­ша­ње тре­ба да го тур­ка­ат ал­бан­ски­те фа­кто­ри, Ах­ме­ти не­ма хра­брост да про­го­во­ри на ма­ке­дон­ски ја­зик.

Ах­ме­ти на овие из­бо­ри за­и­гра и на уште ед­на кар­та, за ко­ја­што до­се­га ни­кој од ал­бан­ски­те ли­де­ри не про­го­во­рил јав­но. На пре­диз­бо­рен ми­тинг тој спо­ме­на де­ка на овие из­бо­ри 14.000 Ал­бан­ци ќе гла­са­ат прв­пат и со тоа ин­ди­рект­но го из­ло­жи пла­нот ка­ко во 2019 го­ди­на пла­ни­ра, со по­мош на де­мо­граф­ска­та про­гре­си­ја, да дој­де до кон­сен­зу­а­лен пре­тсе­да­тел­ски кан­ди­дат.

Ка­ко и да за­вр­шат овие из­бо­ри, кој и да би­де во Вла­да­та, Ах­ме­ти мо­ра да на­у­чи де­ка са­мо со ли­чен при­мер мо­же да се на­де­ва на сим­па­тии од не­ал­бан­ци­те. Ка­ко што мо­ра да на­у­чи де­ка, спо­ред не­го­ви­те па­ра­ме­три, гра­до­на­чал­ни­ци­те Ал­бан­ци, во слу­чај не­ко­гаш да би­де при­фа­те­на кон­сен­зу­ал­но­ста ка­ква што ја пред­ла­га тој, не­ма да би­дат ле­ги­тим­ни ако не се до­го­во­ре­ни на ни­во на нај­го­ле­ми пар­тии. Мол­кот на Ах­ме­ти за но­во­то де­фи­ни­ра­ње на Уста­вот од стра­на на пар­ти­ски­от порт­па­рол, Бу­јар Ос­ма­ни, кој, тол­ку­вај­ќи ја пре­ам­бу­ла­та, из­ја­ви де­ка не гра­ѓа­ни­те ту­ку ет­нич­ки­те за­ед­ни­ци се но­си­те­ли на по­ли­тич­ки­от си­стем, зна­чи де­ка тој бе­га од из­вор­на­та иде­о­ло­ги­ја на ко­ја ја те­ме­ле­ше сво­ја­та ка­ри­е­ра, ко­ја од не­ко­га­шен мар­ксист-ле­ни­нист пре­ку уме­рен со­ци­јал­де­мо­крат го до­ве­де во дес­ни­от по­ли­тич­ки блок.

Kolumna86-2

 

Об­ја­ве­но на пор­та­лот „Ре­пуб­ли­ка“

Али Ах­ме­ти се воз­не­ми­ри од по­ра­ки­те на Гру­ев­ски?

Уп­ла­шен де­ка не­го­ва­та ре­то­ри­ка, пре­пол­на со го­ле­ми збо­ро­ви за на­ци­ја­та и за ал­бан­ски­те ет­нич­ки, при­род­ни и те­ри­то­ри­јал­ни гра­ни­ци, не но­си по­до­бар жи­вот за ни­ко­го, поч­на да го­во­ри за еко­но­ми­ја­та. Чо­ве­кот кој­што во сво­ја­та 12-го­диш­на по­ли­тич­ка ка­ри­е­ра ни­ко­гаш јав­но не про­го­во­рил за еко­но­ми­ја, се­га за са­мо два де­на це­лос­но ја сме­ни из­бор­на­та ре­то­ри­ка и поч­на еко­ном­ски­те про­е­кти да ги про­мо­ви­ра ка­ко цен­тар на не­го­во­то по­ли­тич­ко дејс­тву­ва­ње.
А, се­то тоа се слу­чи са­мо еден ден отка­ко на ме­ди­у­ми­те на ал­бан­ски ја­зик во зем­ја­ва поч­на да се вр­ти ви­де­ос­пот во кој пре­ми­е­рот и ли­дер на ВМРО-ДПМНЕ им се обра­ти на Ал­бан­ци­те на ал­бан­ски ја­зик.

Во ви­де­ос­по­тот, кој­што го изра­бо­ти из­бор­ни­от штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Гру­ев­ски со пре­вод на ма­ке­дон­ски ја­зик ди­рект­но им се обра­ќа на гра­ѓа­ни­те Ал­бан­ци. Во ви­де­о­по­ра­ка­та Гру­ев­ски ба­ра Ал­бан­ци­те да не ве­ру­ва­ат во об­ви­ну­ва­ња­та де­ка тој и не­го­ва­та пар­ти­ја се ан­ти­ал­бан­ски на­стро­е­ни, ба­ра Ал­бан­ци­те да не жи­ве­ат во сте­ре­о­ти­пи и пре­дра­су­ди за не­го и за не­го­ва­та по­ли­ти­ка, и тоа го ар­гу­мен­ти­ра со ни­за про­е­кти од кои до­би­вки има­ат си­те гра­ѓа­ни, а не са­мо Ма­ке­дон­ци­те. Тој во по­ра­ка­та ве­ли де­ка иа­ко во ал­бан­ски­от блок има мно­гу по­ли­ти­ча­ри, ми­ни­стри, функ­ци­о­не­ри, ко­и­што по­мог­на­ле да се спро­ве­дат мно­гу про­е­кти од оп­што до­бро, на си­те им е јас­но де­ка сто­жер на по­ли­ти­ка­та што но­си по­до­бар жи­вот за си­те гра­ѓа­ни е не­го­ва­та пар­ти­ја. При­тоа, Гру­ев­ски ги на­ве­ду­ва про­е­кти­те со кои се на­ма­ли бро­јот на не­вра­бо­те­но­ста, на­ма­лу­ва­ње­то на це­на­та на ле­ко­ви­те, стран­ски­те ин­ве­сти­ции, из­град­ба­та на спорт­ски­те са­ли, бесп­лат­ни­те учеб­ни­ци и пре­во­зот за уче­ни­ци­те, суб­вен­ции за зем­јо­дел­ци­те и де­се­ти­ци дру­ги про­е­кти ко­и­што ги пред­ло­жи­ла и ги спро­ве­ла вла­да­та на Гру­ев­ски, а кои се од ко­рист за си­те гра­ѓа­ни, и Ма­ке­дон­ци, и Ал­бан­ци, и Тур­ци, и Ро­ми, и Ср­би, и Вла­си, и Бош­ња­ци и си­те дру­ги гра­ѓа­ни без раз­ли­ка на на­ци­о­нал­на­та и на вер­ска­та при­пад­ност.

За Ах­ме­ти, се раз­би­ра, е нај­о­па­сен де­лот во кој Гру­ев­ски пре­циз­но ја откри ше­ма­та по ко­ја опе­ри­ра­ат нај­го­лем дел од ал­бан­ски­те по­ли­ти­ча­ри: „Зна­ча­ен дел од по­ли­ти­ча­ри­те кои ја до­би­ваа до­вер­ба­та од вас мно­гу мал­ку беа скон­цен­три­ра­ни на ва­ши­те ре­ал­ни проб­ле­ми, на ва­ше­то пре­жи­ву­ва­ње, на си­ро­ма­шти­ја­та, на не­вра­бо­те­но­ста, на проб­ле­ми­те со кри­ми­на­лот, на обра­зо­ва­ни­е­то, на здрав­ство­то, на проб­ле­ми­те на зем­јо­дел­ци­те… Нас­про­ти тоа, ва­ше­то вни­ма­ние го одв­ле­ку­ваа со на­ци­о­нал­ни те­ми, ка­ко упо­тре­ба­та на зна­ме­то, на тоа на кој ја­зик ќе се збо­ру­ва во пар­ла­мен­тот и дру­ги пра­ша­ња. Јас тие те­ми не ги пот­це­ну­вам и ги ува­жу­вам, но си­те зна­е­ме кои се ва­ши­те и на­ши нај­го­ле­ми проб­ле­ми“, по­ра­ча пре­ми­е­рот Гру­ев­ски во сво­е­то обра­ќа­ње до гра­ѓа­ни­те Ал­бан­ци.

Вед­наш по­тоа се по­ја­ви ДУИ со нер­воз­на ре­ак­ци­ја. По­го­ден од збо­ро­ви­те на Гру­ев­ски, де­ка во обид да ја по­кри­јат сво­ја­та нес­по­соб­ност во ре­ал­на­та по­ли­ти­ка ли­де­ри­те на Ал­бан­ци­те пре­фе­ри­ра­ат да збо­ру­ва­ат за го­ле­ми на­ци­о­нал­ни те­ми, а, всуш­ност, праз­ни те­ми ко­и­што не мо­жат да го по­до­брат стан­дар­дот, ли­де­рот на ДУИ поч­на да ја ме­ну­ва ре­то­ри­ка­та и да го­во­ри де­ка за да се би­де па­три­от, тре­ба да се би­де до­бар во еко­но­ми­ја­та.

Со бр­за­та про­ме­на на ре­то­ри­ка­та и ста­ва­ње­то на еко­но­ми­ја­та во фо­ку­сот, Ах­ме­ти, всуш­ност, ја по­твр­ди ис­прав­но­ста на си­те по­ен­ти од го­во­рот на Гру­ев­ски. Приз­на де­ка за си­те 10 го­ди­ни, кол­ку што ДУИ е во вла­да­та, од 2002 го­ди­на, не­го­ви­те ми­ни­стри во­оп­што не се фо­ку­си­ра­ле на еко­но­ми­ја­та ко­рис­на за си­те гра­ѓа­ни, ту­ку са­мо на те­ми по­вр­за­ни со пра­ва­та и ба­ра­ња­та на Ал­бан­ци­те.

До­кол­ку тој на­ви­сти­на ја на­у­чил лек­ци­ја­та и на­ви­сти­на во ид­ни­на ќе оста­не на сво­јот нов став де­ка еко­но­ми­ја­та е нај­важ­на те­ма за си­те по­ли­ти­ча­ри, то­гаш го­во­рот на Гру­ев­ски вре­де­ше за си­те, и за гра­ѓа­ни­те Ал­бан­ци и за по­ли­ти­ча­ри­те Ал­бан­ци.

До­кол­ку, пак, Ах­ме­ти са­мо са­ка да ја при­крие сла­бо­ста на сво­и­те ми­ни­стри и пла­ни­ра по из­бо­ри­те по­втор­но да ра­бо­ти са­мо за Ал­бан­ци­те, то­гаш по­ра­ки­те на Гру­ев­ски се ко­рис­ни са­мо за тие што ре­ал­но мо­жат и са­ка­ат да ви­дат што е ко­рис­но за си­те. За жал, не и за ге­то­и­зи­ра­ни­те за­ед­ни­ци ка­де што пре­дра­су­ди­те и сте­ре­о­ти­пи­те се по­важ­ни од оп­шти­от ин­те­рес.

 

(Текст објавен во 86. број на неделникот „Република“, 25.04.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top