| четврток, 6 декември 2018 |

Може ли Иванов да не стане старо-нов претседател?

Ди­рект­ни­от по­вик на Али Ах­ме­ти до Ал­бан­ци­те во вто­ри­от круг да го фр­лат лив­че­то за пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри и да гла­са­ат са­мо за ДУИ на пред­вре­ме­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри ги на­ма­ли оп­ци­и­те за раз­вр­ска на на­ста­ни­те во вто­ри­от круг. Без по­тен­ци­ја­лот на ДУИ, кој се дви­жи ме­ѓу 100 и 120 ил­ја­ди гла­са, кан­ди­да­тот на СДСМ, Сте­во Пен­да­ров­ски, сво­и­те шан­си да го пре­стиг­на акту­ел­ни­от пре­тсе­да­тел во тр­ка­та за шеф на др­жа­ва­та ги све­де на ми­ни­мум. За раз­ли­ка од шан­си­те на Пен­да­ров­ски да по­бе­ди, не­го­ва­та пар­ти­ја, се­пак, има шан­си фор­мал­но да не за­гу­би, и тоа са­мо до­кол­ку се од­лу­чи за бој­кот на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Мар­ги­ни­те на мож­ни­те сце­на­ри­ја ги скра­ти и фа­ктот што, за раз­ли­ка од вто­ри­от круг на пос­лед­ни­те пре­тсе­да­тел­ски из­бо­ри ко­га из­ле­гоа вкуп­но 764.039 гра­ѓа­ни, се­га са­мо за двај­ца­та пр­воп­ла­си­ра­ни кан­ди­да­ти гла­са­ле 775.000 гла­са­чи уште во пр­ви­от круг, ре­чи­си 99 про­цен­ти од нив од ма­ке­дон­ска на­ци­о­нал­ност. Со тоа се ми­ни­мал­ни шан­си­те на Ах­ме­ти ус­пеш­но да ја спро­ве­де ак­ци­ја­та со ко­ја кон­сен­зус тре­ба да се по­стиг­не со не­по­стиг­ну­ва­ње цен­зус, по што Ал­бан­ци­те се­ко­гаш би до­би­ва­ле по ед­на од три­те врв­ни по­ли­тич­ки функ­ции во др­жа­ва­ва, пре­тсе­да­тел, пре­ми­ер или со­бра­ни­ски спи­кер.

Kolumna85-1

Без гла­со­ви­те на Ал­бан­ци­те, со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те и Пен­да­ров­ски има­ат се­ри­о­зен проб­лем да го зго­ле­мат кон­то­то во вто­ри­от круг и да го по­ра­зат Ива­нов. Еден од глав­ни­те проб­ле­ми за СДСМ е тоа што пар­ти­и­те што ги при­би­ра­ат оста­на­ти­те не­за­до­вол­ни гра­ѓа­ни од по­ли­ти­ка­та на Вла­да­та има­ат мал гла­сач­ки по­тен­ци­јал. Пар­ти­и­те што не при­па­ѓа­ат на ко­а­ли­ци­ја­та на СДСМ, ка­ко ВМРО-НП, Обе­ди­не­ти за Ма­ке­до­ни­ја и До­сто­инс­тво, на кои по пос­лед­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри им се слу­чи­ја ма­сов­ни вра­ќа­ња во ма­тич­на­та пар­ти­ја ВМРО–ДПМНЕ, не мо­жат да со­бе­рат по­ве­ќе од 30-40.000 гла­са, што не е ни ед­на че­твр­ти­на од раз­ли­ка­та ме­ѓу Ива­нов и Пен­да­ров­ски по пр­ви­от круг.

Бој­кот на СДСМ, ус­пех на кра­ток рок и по­ли­тич­ко са­мо­у­бис­тво

Ед­но од сце­на­ри­ја­та што не ги иск­лу­чу­ва ни­ту ед­на од нај­го­ле­ми­те пар­тии е јав­ни­от или при­та­е­ни­от бој­кот што мо­же да го акти­ви­ра СДСМ ако по­твр­ди де­ка не мо­же да ја на­док­на­ди раз­ли­ка­та од пр­ви­от круг. Ед­на од ва­ри­јан­ти­те што ја разг­ле­ду­ва­ат ви­со­ки прет­став­ни­ци на пар­ти­ја­та е да не се оди на отво­рен бој­кот за­тоа што се знае де­ка бој­ко­тот не­ма да би­де под­др­жан од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, а дол­го­роч­но пар­ти­ја­та мо­же да би­де уни­ште­на и до­ма по­ра­ди тоа што јав­но­ста не­ма да мо­же да под­не­се „др­жа­во­твор­на“ пар­ти­ја да ги ури­ва на­ци­о­нал­ни­те ин­сти­ту­ции. За­тоа во игра е ти­вок бој­кот, во кој од чле­но­ви­те на СДСМ и нив­ни бли­ски лу­ѓе ќе се ба­ра да из­ле­зат на пар­ла­мен­тар­ни­те, а да не гла­са­ат на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри. Со тоа СДСМ ќе ја ста­ви ВМРО-ДПМНЕ во по­зи­ци­ја за шест ме­се­ци да ор­га­ни­зи­ра но­ви из­бо­ри со но­ви кан­ди­да­ти, на кои ќе има по­го­ле­ми шан­си за ус­пех од тие што ги има се­га. До­кол­ку ова сце­на­рио на СДСМ ус­пее да убе­ди око­лу 70.000 нив­ни чле­но­ви и сим­па­ти­зе­ри да ап­сти­ни­ра­ат од пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри, тоа мо­же да би­де ус­пеш­но. Се раз­би­ра, отка­ко ќе се уви­ди раз­ли­ка­та ме­ѓу гла­со­ви­те осво­е­ни во пр­ви­от и во вто­ри­от круг на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри и гла­со­ви­те до­би­е­ни на пар­ла­мен­тар­ни­те ли­сти, то­гаш СДСМ ќе се со­о­чи и со гне­вот на јав­но­ста ко­ја во нај­го­лем дел не­ма да ги одо­бри но­ви­те из­бо­ри и ури­ва­ње­то на ма­ке­дон­ски­те ин­сти­ту­ции.

Кај ГРОМ си­ту­а­ци­ја­та е по­ед­но­став­на. Оваа пар­ти­ја со гра­ѓан­ска ори­ен­та­ци­ја, ако се др­жи до прин­ци­пи­те за кои се за­ла­га, нај­ве­ро­јат­но, ќе ги по­ви­ка сво­и­те чле­но­ви да гла­са­ат по свое убе­ду­ва­ње. Се­пак, ра­бо­та­та се искомп­ли­ку­ва отка­ко ме­ди­у­ми­те бли­ски на опо­зи­ци­ја­та по из­бор­ни­от ден сво­и­те отров­ни стре­ли, на­ме­сто кон ВМРО ДПМНЕ, ги на­со­чи­ја кон ГРОМ, ка­де што нај­го­лем дел се по­ра­неш­ни чле­но­ви на СДСМ и на ЛДП. Ата­кот на ме­ди­у­ми­те под кон­тро­ла на СДСМ кон Стев­че Ја­ки­мов­ски, кој­што бе­ше прог­ла­сен за не­по­же­лен во Кар­пош по­ра­ди тоа што оваа оп­шти­на бе­ше ед­на од мал­ку­те ка­де што Пен­да­ров­ски по­бе­ди, би мо­же­ло да до­ве­де до под­др­шка на Ива­нов или, пак, ап­сти­нен­ци­ја во ГРОМ.

Груевски не бојкотираше во 2004 година

Мно­гу­ми­на во све­тот на ма­ке­дон­ска­та ана­ли­ти­ка сме­та­ат де­ка СДСМ, и по­крај по­ви­ци­те на дел од ана­ли­ти­ча­ри­те во нив­ни­те ре­до­ви, не­ма да си доз­во­ли да оди на бој­кот. При­чи­ни­те се раз­лич­ни. Пр­во, нив­на­та по­зи­ци­ја лес­но ќе ја за­зе­мат ГРОМ, АПМ и дру­ги по­ма­ли пар­тии. Вто­ро, без учес­тво во ин­сти­ту­ци­и­те тие ќе ја за­гу­бат и она­ка ма­ла­та до­вер­ба што ја има­ат ме­ѓу гра­ѓа­ни­те. Тре­то, не е ло­гич­но да ја др­жат вла­ста на ло­кал­но ни­во, ка­ко, на при­мер, во Стру­ми­ца, а да бој­ко­ти­ра­ат на др­жав­но ни­во. И че­твр­то, со бој­кот СДСМ би сто­рил пре­се­дан да се бој­ко­ти­ра­ат пре­тсе­да­тел­ски из­бо­ри (Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски во 1994 го­ди­на бој­ко­ти­ра­ше пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри). На бој­кот не се од­лу­чи ни­ту Ни­ко­ла Гру­ев­ски во 2004 го­ди­на ко­га отво­ре­но се пол­неа ку­тии за то­гаш­ни­от кан­ди­дат Бран­ко Цр­вен­ков­ски, а ан­ке­ти­те по­ка­жу­ваа де­ка Са­шко Ке­дев има са­мо ми­ни­мал­ни шан­си за по­бе­да. И по­крај тоа, Гру­ев­ски не по­ви­ка на бој­кот трг­ну­вај­ќи од фа­ктот што со по­вто­ру­ва­ње на из­бо­ри­те за пре­тсе­да­тел мо­же да ја вне­се др­жа­ва­та во по­ли­тич­ка кри­за. До­кол­ку се­га СДСМ изи­гра обрат­но од др­жа­во­твор­но­то по­ве­де­ние на Гру­ев­ски во 2004 го­ди­на ко­га од­лу­ка­та бе­ше до­не­се­на на­бр­гу по конф­ли­ктот со Ге­ор­ги­ев­ски, со сил­ни вна­треш­но-пар­ти­ски кри­ти­ки и за­ка­ни за по­дел­ба на пар­ти­ја, то­гаш СДСМ мо­ра да би­де под­го­тве­на за уште по­го­ле­ма каз­на од гла­са­чи­те на евен­ту­ал­но по­вто­ре­ни из­бо­ри за пре­тсе­да­тел.

Kolumna85-2

СДСМ не мо­же да се на­де­ва ни­ту на под­др­шка од ДУИ, освен од еден дел на ли­бе­рал­ни или, пак, Ал­бан­ци што лич­но се кон­фрон­ти­ра­ни со ВМРО ДПМНЕ, ко­и­што ќе са­ка­ат со сво­јот глас да ги ос­ла­бат Гру­ев­ски и ВМРО-ДПМНЕ. Спо­ред нај­до­бри­те про­це­ни, оваа број­ка не мо­же да би­де по­го­ле­ма од 25 до 30 ил­ја­ди гла­са­чи. Оваа те­ма нај­до­бро ја об­јас­ни Пе­трит Са­ра­чи­ни од Ма­ке­дон­ски­от ин­сти­тут за ме­ди­у­ми, кој на сво­јот про­фил на „Фејс­бук“ ги пра­ша сво­и­те при­ја­те­ли Ал­бан­ци кој е се­га нај­го­ле­ми­от пре­дав­ник на ал­бан­ски­те ин­те­ре­си.

„Баш ме ин­те­ре­си­ра што ќе ми ка­жат се­га сим­па­ти­зе­ри­те и чле­но­ви на ДУИ ко­и­што ме убе­ду­ваа де­ка во вто­ри­от круг ќе гла­са­ат за Пен­да­ров­ски. Ќе го сто­рат ли тоа или ќе доз­во­лат да три­ум­фи­ра ВМРО-ДПМНЕ по­ра­ди нив­ни­от бој­кот? Ќе доз­во­лат ли да три­ум­фи­ра­ат тие што ба­ра­ат 63 пра­те­ни­ци за да не би­дат ус­ло­ву­ва­ни од ДУИ и од Ал­бан­ци­те? Кој е се­га пре­дав­ни­кот на ал­бан­ски­те ин­те­ре­си во Ма­ке­до­ни­ја?“, пра­ша Пе­трит Са­ра­чи­ни отка­ко ДУИ по­твр­ди де­ка не­ма да ги по­ви­ка сво­и­те чле­но­ви да гла­са­ат за Пен­да­ров­ски.

Се раз­би­ра, Са­ра­чи­ни трг­ну­ва од сво­и­те по­зи­ции и вку­со­ви, а не од го­ли­от по­ли­тич­ки ин­те­рес, кој­што ве­ли де­ка до­кол­ку ДУИ јав­но го под­др­жи Пен­да­ров­ски и вле­зе во ко­а­ли­ци­ја со СДСМ, то­гаш Ах­ме­ти го гу­би пра­во­то да ба­ра влез во но­ва­та вла­да со Гру­ев­ски.

Kolumna85-3

Не­јас­на е си­ту­а­ци­ја­та и со ДПА, ко­ја, де­фи­ни­тив­но, по об­ја­ве­ни­те СМС од За­ев кон Мен­дух Та­чи, но и по­ра­ди огром­на­та раз­ли­ка ме­ѓу Ива­нов и Пен­да­ров­ски, не­ма да ри­зи­ку­ва и да ја за­тво­ри ко­му­ни­ка­ци­ја­та со ВМРО-ДПМНЕ.

Комп­ли­ку­ва­на си­ту­а­ци­ја за ВМРО-ДПМНЕ ако не до­бие 62 пра­те­ни­ци

До­кол­ку ко­а­ли­ци­ја­та „За по­до­бра Ма­ке­до­ни­ја“ не ус­пее да освои ап­со­лут­но мно­зинс­тво во но­ви­от пар­ла­мент, Ни­ко­ла Гру­ев­ски ќе вле­зе во комп­ли­ку­ва­на си­ту­а­ци­ја за вре­ме на пре­го­во­ри­те при кре­и­ра­ње на но­ва­та вла­ди­на пла­тфор­ма. Пре­ми­е­рот и до­се­га не се сог­ла­су­ва­ше со го­лем дел од ба­ра­ња­та на сво­јот ко­а­ли­ци­о­нен парт­нер во Вла­да­та и за оче­ку­ва­ње е де­ка ду­ри и без 62 пра­те­ни­ци не­ма да има до­го­вор за ба­ра­ња­та на ДУИ. Се­пак, не­го­ва­та по­зи­ци­ја ќе би­де мно­гу по­при­јат­на до­кол­ку мо­же да фор­ми­ра вла­да са­мо со пра­те­ни­ци од сво­ја­та ко­а­ли­ци­ја, што ќе му го стес­ни про­сто­рот за ма­не­вар на ДУИ. Нај­ло­ша­та ва­ри­јан­та за ВМРО- ДПМНЕ е да не до­бие мно­зинс­тво во Со­бра­ни­е­то и да ус­пее оби­дот за бој­кот на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри од стра­на на ДУИ. Ако евен­ту­ал­но се слу­чи да не­ма цен­зус за Ива­нов, то­гаш ре­чи­си е си­гур­но де­ка апе­ти­ти­те на Ах­ме­ти ќе по­рас­нат, при што, по­крај кон­сен­зу­а­лен кан­ди­дат на но­ви­те из­бо­ри, би ба­рал и ра­бо­ти што Гру­ев­ски не мо­же да ги при­фа­ти ду­ри и по це­на да оди во опо­зи­ци­ја, што, се­пак, е са­мо пра­ша­ње на те­о­ри­ја.

Во пла­тфор­ма­та што ДУИ ја нај­а­ву­ва ме­ѓу сво­и­те под­др­жу­ва­чи, на пр­ви­те две ме­ста се пра­ша­ња што зна­чи­тел­но би мо­же­ле да го про­ме­нат од­но­сот на си­ли­те во зем­ја­та. За Али Ах­ме­ти глав­ни ба­ра­ња се дво­ја­зич­ност на це­ла­та те­ри­то­ри­ја на др­жа­ва­та и пре­тсе­да­тел на Со­бра­ни­е­то, што ќе пов­ле­че и дру­ги ба­ра­ња и про­ме­на на за­ко­ни.

 

(објавено во 85. број на неделникот „Република“, 18.04.2014)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top