| четврток, 6 декември 2018 |

Како карневалскиот самурај се претвори во политички десперадо

Зо­што Зо­ран За­ев не мо­же да би­де пре­ми­ер на Ма­ке­до­ни­ја?

Отка­ко не ус­пеа да ја убе­ди ма­ке­дон­ска­та јав­ност во про­вид­на­та ма­ни­пу­ла­ци­ја де­ка Гру­ев­ски ка­ко опо­зи­ци­о­нер при­мил еден и пол ми­ли­он евра по­ткуп за про­даж­ба на бан­ка во вре­ме­то ко­га на власт би­ла СДСМ, За­ев про­дол­жи со но­ви про­е­кти. Не еко­ном­ски или со­ци­јал­ни, уште по­мал­ку дип­ло­мат­ски. Про­дол­жи со фал­си­фи­ка­ти. Из­ва­ди до­ку­мен­ти на кои се ко­ри­сти пе­чат што ни­ко­гаш не бил во по­сед на Гру­ев­ски или на не­кој од не­го­ви­те под­др­жу­ва­чи во пер­и­о­дот ко­га се раз­де­лу­ваа со Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски. Што е тоа што го пра­ви ли­де­рот на СДСМ тол­ку нев­ни­ма­те­лен и не­ус­пе­шен во тоа што го ра­бо­ти ка­ко по­ли­ти­чар. Тој во се­кој слу­чај не е на­и­вен чо­век. Биз­нис­мен што за­ед­но со сво­е­то се­мејс­тво за­ра­бо­тил, спо­ред сопс­тве­но приз­на­ние, 6-7 ми­ли­о­ни евра, а спо­ред фи­нан­си­ски­те из­ве­штаи 12 ми­ли­о­ни евра, со про­фит од два ми­ли­о­на евра са­мо во 2012 го­ди­на, мо­ра да е из­во­нред­но умен чо­век.

Од ка­де то­гаш тол­кав број не­ло­гич­ни и про­вид­ни по­ли­тич­ки че­ко­ри кои не са­мо што го пре­тво­ри­ја во ми­стер Гаф ту­ку и му го ур­наа кре­ди­би­ли­те­тот ка­ко пре­тен­дент за пре­ми­ер. Му оста­на да би­де са­мо оби­чен по­ли­ти­чар, и тоа са­мо по­ра­ди из­во­нред­но ни­ски­те стан­дар­ди во ма­ке­дон­ска­та по­ли­ти­ка.

При­каз­на­та за Зо­ран За­ев за по­до­бро ин­фор­ми­ра­на­та по­ли­тич­ка јав­ност поч­ну­ва во 2003 го­ди­на ко­га ста­ну­ва пра­те­ник на СДСМ во ма­ке­дон­ско­то со­бра­ние. Дип­ло­ми­ра­ни­от еко­но­мист на скоп­ски­от Еко­ном­ски фа­кул­тет и не­су­де­ни­от ма­ги­стер по мо­не­тар­на еко­но­ми­ја и фи­нан­сии оста­ну­ва пра­те­ник до 2005 го­ди­на ко­га прв­пат ста­ну­ва гра­до­на­чал­ник на Стру­ми­ца. Во сво­ја­та ка­ри­е­ра ни­ко­гаш не ста­на поз­нат по про­е­кти и идеи по­вр­за­ни со мо­не­тар­на­та еко­но­ми­ја и фи­нан­си­и­те, но за­тоа во сво­јот ро­ден град во сво­и­те два­е­сет­ти го­ди­ни вр­шел не­кол­ку функ­ции. Член на СДСМ е од 1996 го­ди­на, по што бил ди­ре­ктор на фир­ма­та „Тр­го­про­дукт“, член на Упра­вен од­бор на ште­дил­ни­ца­та „Пе­он“, бил член на Упра­вен од­бор на се­меј­на­та фир­ма „ИГМ – Еле­ни­ца“ и пре­тсе­да­тел на Упра­вен од­бор на јав­но­то прет­при­ја­тие „Ко­му­на­лец“ во Стру­ми­ца.

На ши­ро­ка­та јав­ност Зо­ран За­ев ѝ ста­ну­ва поз­нат на 17 ју­ли 2008 го­ди­на ко­га за­ед­но со уште пет­ми­на со­ра­бот­ни­ци е уап­сен по­ра­ди зло­у­по­тре­ба на служ­бе­на­та по­лож­ба во вр­ска со из­град­ба­та на тр­гов­ски­от цен­тар „Гло­бал“ во Стру­ми­ца.

Слу­ча­јот за­вр­ши со або­ли­ци­ја­та пот­пи­ша­на од стра­на на то­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел Бран­ко Цр­вен­ков­ски. Со од­лу­ка­та на пре­тсе­да­те­лот, кој, во сог­лас­ност со то­гаш­ни­те за­кон­ски мож­но­сти кои му да­ваа ди­скре­ци­о­но пра­во, ги ос­ло­бо­ди Зо­ран За­ев и не­го­ви­те со­ра­бот­ни­ци, об­ви­ну­ва­ња­та про­тив не­го ни­ко­гаш не до­жи­ве­а­ја суд­ска раз­вр­ска, а ди­ле­ма­та да­ли За­ев го пре­кр­шил за­ко­нот за­се­ко­гаш оста­на да леб­ди во воз­ду­хот.

zaev i branko

Како Заев би ја претставувал Македонија

Едно од прашањата кое си го поставуваат голем број од македонските граѓани се однесува на начинот на кој што Заев би ја претставувал земјата на евентуални средби со светски лидери како Обама, Меркел, Путин или Оланд. Како човекот што беше инволвиран во десетици скандали во кои главни актери беа неговите најблиски роднини кои ги водат компаниите во кои беше утврден криминал и прекршување на тендерски процедури, ќе излезе и ќе разговара на рамна нога со светските, европските или регионалните лидери?!  Заев на вакви евентуални средби би бил единствен висок државен претставник кој што бил аболициран за криминал кој што е вреден 8 милиони евра, висок дури и за светски прилики. Настрана прашањето како Заев би се снашол во разговори на глобални и сложени регионални теми кога тој не може да избегне гафови дури и за обични домашни прашања? Но овие прашања не се однесуваат на македонските гласачи затоа што ним и е јасно дека Заев ни оддалеку не е дораснат за врвна државна функција. Ова реторичко прашање треба да го одговори човекот што македонската јавност не го памети по некоја голема идеја или изјава туку исклучиво по гафови и погрешни проценки, какви што не се дозволени ниту во македонската политика.

Во сеп­тем­ври иста­та го­ди­на, ко­га бе­ше уап­сен за слу­ча­јот „Гло­бал“, За­ев ста­на вр­ши­тел на долж­но­ста пре­тсе­да­тел на СДСМ или, ка­ко што го на­ре­че опо­зи­ци­ја­та, чу­вар на фо­тел­ја­та на Бран­ко Цр­вен­ков­ски до­де­ка тој е пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та. Вед­наш по пре­ки­нот на функ­ци­ја­та на Цр­вен­ков­ски, За­ев си оди од пар­ти­ска­та по­зи­ци­ја и ста­ну­ва пот­пре­тсе­да­тел. Во 2009 го­ди­на втор­пат по­бе­ду­ва во тр­ка­та за гра­до­на­чал­ник на Стру­ми­ца.

По пов­ле­ку­ва­ње­то на Цр­вен­ков­ски од пар­ти­ја­та, на кон­гре­сот на СДСМ во мај 2013 го­ди­на За­ев до­би­ва најм­но­гу гла­со­ви и ко­неч­но ста­ну­ва пре­тсе­да­тел на нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја. Од то­гаш, па до де­нес Зо­ран За­ев во­ди две па­ра­лел­ни би­тки, со ог­лед на не­го­ви­те поз­на­ти вер­бал­ни ис­па­ди, тој ма­ка ма­чи да до­ка­же пред це­ла­та јав­ност де­ка е раз­у­мен по­ли­ти­чар и па­ра­лел­но со тоа да ги убе­ди сво­и­те со­пар­тиј­ци де­ка е ви­стин­ски­от из­бор за ли­дер на не­ко­гаш моќ­на­та пар­ти­ја. Во тие оби­ди 42- го­диш­ни­от по­ли­ти­чар не­ре­тко оди пре­да­ле­ку, со што не са­мо што пра­ви ште­та за сво­јот имиџ ту­ку и пре­диз­ви­ку­ва се­ри­оз­ни по­дел­би во ин­те­ле­кту­ал­ни­те кру­го­ви бли­ски на СДСМ.

zoran-zaev

Чо­ве­кот на­ре­чен Гаф об­ви­ну­ва дру­ги за пра­ве­ње га­фо­ви

За вре­ме на кам­па­ња­та за пре­тсе­да­тел, Зо­ран За­ев во Ку­ма­но­во по­ра­ча де­ка на 13 април Ма­ке­до­ни­ја, ко­неч­но, ќе до­бие пре­тсе­да­тел што не­ма да пра­ви га­фо­ви. Са­кај­ќи да го дис­ква­ли­фи­ку­ва акту­ел­ни­от пре­тсе­да­тел Ѓор­ге Ива­нов, кој во пр­ви­от круг со огром­ни 120 ил­ја­ди гла­са по­ве­ќе го по­бе­ди Сте­во Пен­да­ров­ски, стру­мич­ки­от гра­до­на­чал­ник, всуш­ност, ти­вко се ели­ми­ни­ра­ше се­бе­си ка­ко се­ри­о­зен фа­ктор на по­ли­тич­ка­та сце­на. Со спо­ме­ну­ва­ње­то на те­ма­та га­фо­ви, За­ев ги пре­диз­ви­ка и при­сут­ни­те и тие што по­доц­на ја слуш­наа или про­чи­таа из­ја­ва­та да си при­пом­нат на си­те вер­бал­ни ис­па­ди на ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та.

Еден од нај­поз­на­ти­те га­фо­ви во ка­ри­е­ра­та по­ра­ди кои За­ев го до­би пре­ка­рот Ка­ни­бал е из­ја­ва­та на пар­ти­ски со­ста­нок ко­га на при­сут­ни­те им по­ра­ча де­ка ко­га СДСМ ќе дој­де на власт, ќе ја­де жи­ви лу­ѓе. Во ни­за­та не­бу­ло­зи што ги ка­жа пред ка­ме­ра, За­ев спо­ме­на де­ка ко­га ќе по­бе­ди на из­бо­ри, ќе бр­ка од ра­бо­та вмров­ци, а на нив­но ме­сто ќе вра­бо­ту­ва чле­но­ви на СДСМ, но си­те дру­ги оста­наа во сен­ка на ка­ни­ба­ли­стич­ка­та нај­а­ва за ја­де­ње жи­ви лу­ѓе, ко­ја­што оста­ну­ва во ана­ли­те ка­ко ед­на од нај­срам­ни­те во ма­ке­дон­ска­та по­ли­ти­ка.

Пред из­бо­ри­те во 2011 го­ди­на, мис­леј­ќи де­ка збо­ру­ва со пар­ти­ски акти­вист на СДСМ, За­ев по­втор­но ја раз­бра­ну­ва по­ли­тич­ка­та сце­на со из­ја­ва­та де­ка „ако ВМРО-ДПМНЕ оди са­ма на из­бо­ри, ќе има пу­ка­ње“. Иа­ко по­доц­на тој по­твр­ди де­ка нај­а­вил пу­ка­ње, но са­мо пу­ка­ње со љу­бов, За­ев по втор­пат бе­ше фа­тен ка­ко упо­тре­бу­ва фра­зи и збо­ро­ви ко­и­што во се­ко­ја нор­мал­на зем­ја би се ква­ли­фи­ку­ва­ле ка­ко по­ли­тич­ко лу­ди­ло, а нив­ни­от автор би бил ин­сти­ту­ци­о­нал­но ос­ло­бо­ден од долж­но­ста да из­би­ра и да би­де из­би­ран во по­ли­тич­ки те­ла. Но, во Ма­ке­до­ни­ја, ва­ква ка­ква што е, За­ев не са­мо што не бе­ше мар­ги­на­ли­зи­ран, ту­ку по пов­ле­ку­ва­ње­то на Цр­вен­ков­ски лес­но по­бе­ди на пар­ти­ски­от кон­грес. Си­те чле­но­ви на кон­гре­сот на СДСМ и во­оп­што чле­но­ви на пар­ти­ја­та за­бо­ра­ви­ја на не­го­ви­те из­ја­ви и га­фо­ви и не по­мис­ли­ја де­ка два­та то­гаш сѐ уште све­жи скан­да­ли во ко­и­што бе­ше ин­вол­ви­ран ќе би­дат те­шко бре­ме за но­ви­от ли­дер, кој не мо­же­ше да се отка­чи од ста­ра­та ма­три­ца.

Да­ли по­ра­ди по­тре­ба­та од фи­нан­си­ски­те ин­јек­ции ко­и­што до­а­ѓаа и ве­ро­јат­но сѐ уште до­а­ѓа­ат од Стру­ми­ца, ни­ко­му од тие што го из­браа за пре­тсе­да­тел не му тек­на, или ба­рем јав­но не про­го­во­ри, за тоа де­ка гра­ѓа­ни­те не­ма тол­ку лес­но да за­бо­ра­ват на ка­ни­ба­лиз­мот и на пу­ка­ње­то на ли­де­рот, и, пред сѐ, де­ка овие два и дру­ги­те га­фо­ви мо­жат да има­ат да­ле­ко­сеж­ни и ка­та­стро­фал­ни пос­ле­ди­ци по ус­пе­хот на пар­ти­ја­та на ид­ни­те из­бо­ри.

За дел од не­го­ви­те га­фо­ви, ка­ко оној што го на­пра­ви пред ед­на не­де­ла ко­га на­ме­сто за офшор-ком­па­нии, збо­ру­ва­ше за „офшорт“, ве­ро­јат­но ни­кој не­ма да му за­бе­ле­жи по­се­ри­оз­но за­тоа што се ра­бо­ти за лап­сус кој мо­же да му се слу­чи ду­ри и на не­за­вр­шен ма­ги­стер по фи­нан­сии и мо­не­тар­на еко­но­ми­ја, ка­ков што е обра­зов­ни­от ста­тус на ли­де­рот на СДСМ. Ду­ри и ако овој гаф се дол­жи на не­поз­на­ва­ње на анг­ли­ски­от ја­зик и во­ка­бу­ла­рот на овој дел од еко­ном­ска­та проб­ле­ма­ти­ка, не е страш­но за­тоа што тој, ка­ко што сто­јат ра­бо­ти­те, ќе има нај­мал­ку че­ти­ри го­ди­ни за да на­у­чи анг­ли­ски ја­зик и да ги на­у­чи тер­ми­ни­те што му се по­треб­ни во ра­бо­та­та.

На­вре­ду­ва по­ли­ти­ча­ри, но и обич­ни гра­ѓа­ни

Тоа што мно­гу­ми­на не­ма да му го про­стат е на­вре­да­та што ја упа­ти кон пре­ми­е­рот  Ни­ко­ла Гру­ев­ски, ко­ја кол­ку и да е доз­во­ле­на во за­о­стре­на по­ли­тич­ка из­бор­на би­тка тол­ку е не­при­фат­ли­ва во смис­ла на чо­веч­ност и доб­лест. Со ше­га­та за пре­ми­е­рот Гру­ев­ски ко­го го по­ви­ка да на­у­чи да ја ко­ри­сти бу­ква­та „р“ со­од­вет­но, За­ев, всуш­ност, им се обра­ти на нај­мал­ку два­е­се­ти­на ил­ја­ди лу­ѓе што го има­ат тој проб­лем ка­ко дар од Бо­га, а не ка­ко ли­чен про­пуст. Ка­ко се чув­ству­ва­ат ро­ди­те­ли­те на де­ца­та што се со­о­чу­ва­ат со слич­ни проб­ле­ми, а кои не се преч­ка за нор­мал­но функ­ци­о­ни­ра­ње на се­кој гра­ѓа­нин, ќе се ви­ди на 27 април.

Со таа ше­га За­ев са­мо уште ед­наш по­твр­ди де­ка по­не­ко­гаш на­ви­сти­на не знае ка­кви пос­ле­ди­ци има­ат не­го­ви­те вер­бал­ни из­ле­ти во јав­но­ста, со што уште ед­наш, по кој знае кој пат, се дис­ква­ли­фи­ку­ва од по­зи­ци­ја­та пре­ми­ер за ко­ја­што тол­ку мно­гу се за­ла­га.

SAMSUNG DVC PICTURES

По­те­зи од очај

Отка­ко ста­на јас­но де­ка не по­сто­јат ни­ту те­о­рет­ски шан­си да ста­не дел од из­врш­на­та вла­ста на др­жав­но ни­во, Зо­ран За­ев во очај поч­на кам­па­ња про­тив опо­нен­ти­те на ко­ја, мо­же­би, има пра­во, но при­тоа мо­рал да би­де све­сен де­ка таа мо­же да му се вра­ти ка­ко бу­ме­ранг. За­ев и прав­ни­ци­те во СДСМ мо­ра­ле да зна­ат де­ка со об­ја­ву­ва­ње­то на мон­ти­ра­ни­те ау­ди­о­ма­те­ри­ја­ли, кои не се на­ба­ве­ни со доз­во­ла од сни­ме­ни­те ли­ца, вр­ши кри­вич­но де­ло, освен ако За­ев или тој што сни­мал не­ма на­пис­ме­но доз­во­ла за сни­ма­ње при­ват­ни те­ле­фон­ски раз­го­во­ри. Да беа раз­го­во­ри­те ве­ро­до­стој­ни, то­гаш ба­рем мо­же­ше да до­бие ба­рем не­кој по­ли­тич­ки по­ен, но би­деј­ќи и оби­чен ама­тер со мал­ку по­до­бра ау­ди­о­тех­ни­ка мо­же да ви­ди де­ка се ра­бо­ти за мон­та­жа на по­ве­ќе тон­ски пар­чи­ња од раз­лич­ни раз­го­во­ри и раз­лич­на ат­мо­сфе­ра, За­ев пре­тр­пе и по­ли­тич­ка ште­та, а ве­ро­јат­но ќе има и се­ри­оз­ни проб­ле­ми на суд.

Кај об­ја­ву­ва­ње­то на на­вод­ни­те до­ку­мен­ти, спо­ред кои ВМРО-ДПМНЕ во вре­ме­то ко­га Гру­ев­ски е пар­ти­ски шеф и пра­те­ник при­ми­ла до­на­ции вред­ни 80 ил­ја­ди евра, ра­бо­та­та е уште по­јас­на, ка­ко што об­ја­ви­ја по­ве­ќе ме­ди­у­ми, упо­тре­бе­ни­от пе­чат во тој пер­и­од е при­ја­вен ка­ко укра­ден, а но­ви­от пе­чат што пар­ти­ски­те прет­став­ни­ци го до­ста­ви­ле до су­дот е со­се­ма раз­ли­чен од тој што го об­ја­ви За­ев. Со тоа стру­мич­ки­от гра­до­на­чал­ник вле­зе во уште ед­на од не­го­ви­те ве­ќе ре­дов­ни не­при­јат­ни сто­рии во кои нај­че­сто бе­ше ис­ме­ван од по­ши­ро­ка­та јав­ност.

Са­ка да оди на из­бо­ри, ама да не за­гу­би

Ко­ја е по­ли­тич­ка­та фи­ло­зо­фи­ја на Зо­ран За­ев, мо­же­би, нај­до­бро се гле­да од не­го­ви­от став за мо­жен бој­кот на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри отка­ко не­го­ва­та пар­ти­ја убед­ли­во ги за­гу­би пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри во пр­ви­от круг. На по­ви­кот на дел од но­ви­на­ри­те бли­ски на СДСМ да се бој­ко­ти­ра­ат из­бо­ри­те, За­ев ве­ли де­ка си­те оп­ции, вклу­чу­вај­ќи и улич­на де­мо­кра­ти­ја, се мож­ни, но ду­ри по одр­жу­ва­ње­то на пред­вре­ме­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри.

Тој, всуш­ност, са­ка да ни ка­же де­ка бој­кот на ин­сти­ту­ци­и­те и ха­ос на ули­ци­те и пред ин­сти­ту­ци­и­те ќе се слу­чи са­мо ако СДСМ за­гу­би. Со дру­ги збо­ро­ви, За­ев ве­ли „да си ја про­ба­ме си­ла­та, да не доз­во­ли­ме дру­ги опо­зи­ци­ски пар­тии да вле­зат во пар­ла­мен­тот,  па ако за­гу­би­ме, то­гаш ќе ги ури­ва­ме др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции“. Ка­ко тоа ќе би­де из­ве­де­но во си­ту­а­ци­ја ко­га си­те ме­ѓу­на­род­ни фа­кто­ри се про­тив бој­кот и бло­ка­да на ин­сти­ту­ци­и­те, а при­тоа зна­е­ме де­ка За­ев бе­ше нај­го­лем про­тив­ник на бој­кот на ло­кал­ни­те из­бо­ри ми­на­та­та го­ди­на, оста­ну­ва да ви­ди­ме по из­бо­ри­те.

те из­бо­ри ми­на­та­та го­ди­на, оста­ну­ва да ви­ди­ме по из­бо­ри­те.

Ако се во­ди­ме по не­го­во­то од­не­су­ва­ње ко­га по ло­кал­ни­те из­бо­ри твр­де­ше де­ка се на­ме­сте­ни од вла­ста, а не се отка­жа од гра­до­на­чал­нич­ка­та фо­тел­ја во Стру­ми­ца, не е иск­лу­че­но тој ако вед­наш не би­де трг­нат со пар­ти­ски пуч, отка­ко ќе рас­чи­сти де­фи­ни­тив­но со ста­ри­от пра­те­нич­ки со­став на пар­ти­ја­та, да поч­не но­ва кам­па­ња ко­ја тре­ба да до­не­се ре­зул­тат на из­бо­ри­те во 2018 го­ди­на. А, до­то­гаш мир­но да ра­ко­во­ди со оп­штин­ска­та ад­ми­ни­стра­ци­ја и со биз­ни­сот во Стру­ми­ца.

(Текст објавен во 86. број на неделникот „Република“, 25.04.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top