| четврток, 6 декември 2018 |

Остра казна за Рамиреш

Фудбалерот на Челси, Рамиреш, е казнет од страна на Фудбалската асоцијација на Англија со четири натпревари неиграње. Тој е казнет поради тоа што на дуелот против Сандерленд, кој го загубија, го удрил Себастијан Ларсон.

Ударот со лакот не го видел судијата Мајк Дин, па така играчот за врска на Челси помина и без жолт картон, но тоа не помина неказнето од ФА.

– Казната опфаќа три натпревари поради тоа дело и уште еден поради тоа што претходниот натпревар добил црвен картон на мечот против Астон Вила – пишува во соопштението на ФА.

По натпреварот со Сандерленд, Мурињо остро го критикуваше судењето, а Челси ја загубија трката за шампион на Англија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top