| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Неда Фирфова во МКЦ

Изложбата насловена „Always Ready“, која е курирана од Ивана Васева е на некој начин продолжување на истражувањето на Фирфова во Тирана, Албанија кое се однесува на масовните игри или попознати кај нас како слетови. Фирфова го истражува исчезнувањето на илјадници картонски книги од Кина кои се користеле за да се формира идеолошката слика на масовните игри во Албанија, кои се одржувале на први мај за време на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа.

На изложбата ќе бидат претставени книги кои ги изработи авторката Фирфова, според сведоштва на луѓе кои се присетувале на слетовите во Албанија, две нови дела како и каталогот за настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top