| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Тони Димитров во Вашингтон

Делото на македонскиот уметник Тони Димитров ‘Orthodoxy’ ќе биде претставено на првата изложба на звук FERMATA организирана од страна на уметничкиот центар Artisphere, a поместена во нивниот најголем изложбен простор Terrace галеријата. Ова дело кое се состои од теренски снимки е претходно издадено за португалскиот издавач Green Field Recordings, а на покана на фестивалот FERMATA ќе биде претставено во Вашингтон заедно со делата на реномирани звучни уметници како Ryuichi Sakamoto, Lawrence English, The Books, Francisco Lopez, Markus Guentner, Alvin Lucier, Brian McBride, Jarboe (Swans), Forest Swords, Saåad, Salome Voegelin, меѓу другите.

 Fermata е прва изложба на Artisphere посветена целосно на звукот и е една од најголемите од ваков вид во светот денес. Претставувајќи околу 30 уметници, Fermata со својот екстензивен пристап, претставува уметници кои користат звук во различни дисциплини и контексти, и опфаќа уметници како композиторот Ryuichi Sakamoto, пионерот на звучната уметност Alvin Lucier, концептуалниот звучен уметник Francisco Lopez, легендата Jarboe, па се до научникот од НАСА Lucianne Walkowicz. Позиционирана околу ѕид сочинет од звучници, дизајниран од страна на звучниот уметник John Henry Blatter, кој ќе се користи од страна на сите учесници во изложбата, FERMATA ќе се одвива во три дела или движења (траејќи по три недели), секој од нив нудејќи поинаква комбинација на 5 до 8 звучни дела кои ќе цирклулираат постојано во текот на трите недели од изложбата. Звучниот ѕид е визуелна претстава на звукот, еднакво како што е и основна архитектура на изложбата преку која ќе бидат претставени делата.

Изложбата ќе биде отворена од 24 април до 10 август 2014 во најголемиот изложбен простор на Artisphere, галеријата Terrace

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top