
– Јас не сум само сега мета на напад. Во последните 10 години, и кога бев во опозиција и на власт, јас сум жестока мета на напад од СДСМ. Ме нарекуваа недемократ, Фидел Кастро, Хитлер, а тие навреди се зајакнуваат пред избори. Се измислуваат клевети и лаги, сега тргнаа со монтирања и фалсификати. Не сум изненаден. СДСМ во првиот круг одеше со позитивна кампања, но сега оди со жестоки напади, клевети и фалсификати. Јас поднесов тужба до судот и убеден сум дека за кус временски период ќе се докаже дека се работи за лаги. Сакам да им порачам дека по секои вакви навреди и измислици тие доживуваат поголем пораз, граѓаните знаат да го казнат тоа, поразот ќе биде поголем од првиот круг – рече премиерот Никола Груевски, во интервју за „Канал 5“, зборувајќи за нападите од опозициската СДСМ на негова сметка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


