| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија го прославува Светскиот ден на џезот

Агенцијата „Баги комуникации“ во партнерство со „Ситимол“ се приклучуваат кон светската прослава на Меѓународниот ден на џез-музиката, кој се прославува на 30 април, традиционално, трета година по ред. Инаку, прославата е под покровителство на УНЕСКО и е со цел да се потенцира џезот и неговата дипломатска улога во обединување на луѓето од сите делови на светот.

Концертот, кој ќе се одржи на отворено, пред трговскиот центар „Ситимол“, ќе биде бесплатен за посетителите и ќе почне во 18 часот. На концертот ќе настапат најпознатиот македонски фјужн-состав „Kabadayas“, потоа „Oscar Salas Trio“, кубанско џез-трио (David Byrne; Jaco Pastorius; Arthur Barron), „Марија џез-трио“ и Марга Сол.

На  концертот ќе биде емитувана видеопораката на Херби Хенкок, амбасадорот на добра волја за интеркултурен дијалог во УНЕСКО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top