Избран уште во првиот круг. Виктор Филиповски, најдобар млад македонски џез музичар за 2017 година. Во кафе-барот “Винил“, вечерва (вторник), 17 октомври во 20:30 часот ќе биде доделена наградата “Златен Орикс“ и настапот на Виктор со квартетот на Тони Китановски.
Виктор Филиповски е претставник на најмладата генерација џез креативци. Роден е во 1992 година во Скопје. Од детски години свири традиционални перкусии и тапани во рок групи. Пресвртница настанува кога запишувајќи се на одделот за џез студии на штипскиот универзитет ќе го сретне својот ментор Александар Секуловски.
Во моментов е магистерски кандидат на истиот оддел, но и најмлад инструктор на музичката академија и е вклучен во наставата по џез тапани.
Минативе четири години е најбараниот тапанар на македонската џез сцена. Постојан член е на составите Fierce и Тони Китановски трио, а настапувал и со Васил Хаџиманов бенд, Владимир Четкар, Едуардо Раон, Љубојна, Ѓорѓи Шаревски и Емин Џијан. Како член на состави зад себе има голем број настапи меѓу кои и на престижни фестивали како Java Jazz Festival, Jarasum Jazz Festival, LeCargo, Nisville Jazz Festival, Makedox и Opatija Film Festival.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филип Димишковски е најдобар млад џез музичар за 2018
-
Летно издание на „Musicology Barcaffè Sessions“: Angie Stone, Koop Oscar Orchestra и Bokante
-
„Васил Хаџиманов бенд“ вечерва настапува на плоштадот во Ресен
-
В недела на платото пред МКЦ деветчасовен хепенинг „Today it’s all about jazz!“ (Денес сѐ е џез!)