| четврток, 6 декември 2018 |

Нова поетска книга од Зоран Пејковски посветена на Љубе Цветановски

Деновиве во издание на „Македонија презент“ од Скопје излезе од печат новата поетска книга „Сега знам“ од Зоран Пејковски. Инаку, Зоран Пејковски е поет, прозаист, драмски автор, театарски критичар и главен и одговорен уредник на неделникот „Јавност“ од Битола.

Неговата поетска книга „Сега знам“ му е посветена на прерано починатиот поет Љубе Цветановски. Стихозбирката содржи вкупно 32 песни поделени во шесте циклуси: „Искушение на животот“,  „Твои сонувачи“, „Повторно ќе се вратиш меѓу нас“,  „Сакам да ја знам“,  „Осветување на темелот“ и „Не барај од мене“.

На крајот од книгата се објавени рецензиите за книгата: „Стихови за болката, вечното и вечноста“ од Панде Манојлов и „Минување низ татнежот на тишината“ од Петре Димовски.

Станува збор за интимна, исповедна и трогателна лирика која читателот воопшто не го остава спокоен и рамнодушен и на најубав можен начин уште еднаш потсетува и го враќа споменот на ликот и делото на истакнатиот поет, прозаист и патеписец Љубе Цветановски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top