| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на стрип-албумот „Personal futurism/Public politics“ во Струмица

Вечерва во 19.30 часот, во организација на Здружението за развој на културата и заштитата на културното наследство „Контекст“ – Струмица ќе биде промовирана „Personal futurism/Public politics“. Промоцијата ќе се реализира во клуб „Маф Маф“, а ќе ја отвори Митко Гогов, кој ќе претстави и еден од застапените автори во оваа книга Миле Ничевски.

Стрип-албумот отпечатен е на англиски јазик, воведниот текст го напиша Иванка Апостолова (антрополог и уметник), албумот е создаден во соработка со повеќе реномирани стриповски автори и визуелни уметници од Македонија, Италија, Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Босна: ЗОГРАФ, Владимир Палибрк, Соња Кучели, Нежа Зинајиќ, Мартина Лајтнер, Ивана Арманини, Филип Андроник, Дамир Штенфил, Франко Сакети, Горан Дачев, Атанас Ботев, Дуња Јанковиќ, Каја Авбершек, Џанлука Константини, Матеј Бранеа, Маја Веселиновиќ, Миле Ничевски и Тони Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top