
Бразилската манекенка Адријана Лима ангажирала тим адвокати, кои ќе ѝ помогнат во бракоразводната постапка со српскиот кошаркар Марко Јариќ, затоа што, наводно, ја изневерувал.
Убавицата се пожалила на пријателките за време на снимањето во Истанбул, а турските медиуми веднаш ја пренеле веста. Деновиве Лима ги подгреа шпекулациите со барањето за старателство над ќерките Валентина и Сиена. Алиментација не бара, ниту ја сака куќата во која живеат.

– Еднаш минав преку тоа, вторпат нема да му простам неверство – наводно им рекла убавицата на пријателките.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


