Руските елитни сили се добро обучени и ефективни, а американските безбедносни сили веруваат дека тоа е така, бидејќи се тренирани од Германци, пишува денеска таблоидот „Билд“.
– Германија, изгледа ги обучувала и поддржувала Русите, како и за време на рускиот ангажман на украинскиот полуостров Крим – наведува денеска весникот, повикувајќи се на американски информации.
Таблоидот наведува дека американското Министерство за одбрана верува дека Германци, и тоа со години, ги обучувале дури и руските специјални единици „Спезназ“.
Според весникот во март биле објавени информации дека германската компанија „Рајнметал“ гради високо модерен тренинг центар за обука на 30.000 руски војници годишно и дека партнер на договорот е руски сервис за одбрана.
„Билд“ наведува дека центарот требало да биде завршен годинава, но владата во Берлин го стопирала проектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



