| четврток, 6 декември 2018 |

Преполни се – Германците не можат да ги потрошат парите!

Благодарение пазарот за труд кој е повеќе од стабилен и континуираниот економски раст, граѓаните на Германија во изминатите години можеа да заштедат повеќе од вообичаено.

Според актуелните податоци за третиот квартал од 2017 година, имотот и средствата на Германците се зголемиле за 1,2 проценти и сега изнеусваат 5,779 милијарди евра, како што соопшти Германската сојузна банка.

Се очекува дека податоците за крајот на 2017 година ќе покажат дека имотот надминал сума од шест милијарди. Во таа сума е вклучена вредноста на готовината, акциите и животното осигурување, но не и недвижнините.

Граѓаните на Германија би можеле да бидат уште побогати доколку инвестираат во акции. Но Германците сеуште најмногу веруваат во сигурните и брзо достапни облици на штедење како штедните книшки или тековната сметка кои сепак во моментов, поради рекордно ниските камати, не донесувааат никаков профит.

Инвестирањето во акции, па дури и оние со ниско ниво на ризик и понатака се избегнува.

-Германците се уште се далеку од обликот на штедење кој донесува долгорочна добивка – се вели во заклучокот на неодамнешната студија на концернот Алианз.

Поради лесниот пораст на инфлацијата, класичните штедачи дури и губат пари, а Алианз тврди дека на овој начин Германците минатата година загубиле меѓу 35 и 38 милијарди евра. Од друга страна, ниските камати и понатака обилно ги користат граѓаните кои сакаат да инвестираат во недвижнини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top