– Во новата хала што ја градиме ќе бидеме двајца инвеститори. Едниот за прашкасти производи, тоа е нашата фирма „Годам“ а другиот „Уникат градба“ ќе има елементи од градежништвото што ќе ги работи внатрешноста на објектите. Објектот се простира на 1.100 метри квадратни – вели Миле Илиоски, сопственик на прехранбена фирма „Годам“.
Сопственикот на „Уника градба“ Тоде Илиоски истакна дека ќе го прошират работењето во доменот на градежништвото, ќе отворат хала и стовариште за производство и на ПВЦ – програма.
Од вкупно 21 парцела во зоната до крајот на летото ќе се изградат нови хали на пет, а локалните власти имаат обврска да ја комплетираат инфраструктурата.
– Инвеститорите веднаш по нашето комплетирање на инфраструктурата влегоа и почнаа со градба на своите капацитети, така што очекуваме на сите 21 парцела што беа продадени минатата година да почне да се гради – вели Илија Карески, раководител на одделението за урбанизам при локалната самоуправа во Прилеп.
Првата индустриска зона Прилеп 1 ќе ги прошири речиси сите дејности во прилепското стопанство. Со денешните две, досега со градба почнаа вкупно пет фирми од графичката, прехранбената и трикотажната индустрија. Вчера својот погон почна да го гради компанијата за трикотажа „Тритекс“ чија инвестиција е околу еден милион евра и ќе отвори нови 300 работни места.
Минатата недела со градба на хала од 2.5000 метри квадратни почна прехранбената фирма „Донија“ чија инвестиција со нови машини е околу 500.000 евра и ќе отвори нови 50 работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



