„Театар Чин 4 Сцена 5“ при НУЦК “Марко Цепенков” – Прилеп денеска во 20 часот премиерно ќе ја прикаже современата фарса “Фани Мани” од Реј Куни. Претставата е во режија на Дарко Карбески.Во претставата играат Дарко Карбески, Емилија Чавлеска, Дарко Ристески, Теодора Тарајческа, Виктор Мирчески, Давид Папазоски, Марио Стојаноски и Гоце Саздано.
Станува збор за фарса во која е претставен еден момент од животот на Фамилијата Трпчевски проследен со многу комични настани.
– Решивме да го поставиме овој текст поради моменталната ситуација во опшеството, во кое парите играат голема улога. Исто така сакаме на публиката да и ја прикажеме добро познатата реченица “парите го менуваат човекот” низ призмата на комедијата – велат од МДС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.