Тренерот на Сан Антонио Спарс Грег Попович е избран за најдобар тренер во регуларниот дел од оваа сезона во НБА лигата.
Тој со Сан Антонио успеа да дојде до најдобар резултат оваа година остварувајќи 62 победи и само 20 порази.
Во својата 18 годишна кариера како прв тренер на Сан Антонио ова му е трета ваква награда која се бира веднаш по завршувањето регуларниот дел.
Попович со „мамузите“ има освоено четири шампионски прстени во 1999, 2003, 2005 и 2007 година, а бил и трипати тренер на ол-стар селекцијата на западната конференција.
Тој со Сан Антонио е еден од најсериозните кандидати за освојување на титулата оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.