Државната телевизија на Северна Кореја емитуваше, досега невидени фотографии на нивниот лидер Ким Јонг Ун кога бил мал.
Ретките фотографии на водачот на Северна Кореја се појавиле за време на концертот во чест на авијацијата на оваа земја. Фотографиите го прикажуваат Ун (31) како буцкаст дечко како салутира, облечен во униформа.
На втората фотографија тој е веќе тинејџер.
Досега се објавени малку фотографии на Ким Јонг Ун од детството, а а нив може да се види и неговата мајка Ко Јунг Хуи, а тука е и фотографијата од неговиот пасош на која е потстрижен кратко.
Ким го криел својот идентитет од учителите и го користел името Пак Ун во Швајцарија, каде што учел. Таму се зборувало дека е син на еден вработен во амбасадата во Северна Кореја. Неговите пријатели велат дека бил опседнат со кошарка и политиката воопшто не го интересирала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.