| четврток, 6 декември 2018 |

АНКЕТА: Негативната кампања не пали,паѓа рејтингот на СДСМ

sdsm 3 (Custom)
Негативната кампања на СДСМ и донесе намален рејтинг, програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе добие убедлива доверба од граѓаните. Ова го покажува најновата телефонска анкета на Институтот „Димитрија Чуповски“ спроведена во периодот меѓу 16 и 18 Април на 1500 испитаници.
На прашањето „За која партија би гласале на предвремените парламентарни избори?“, 28,4 отсто од испитаниците се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, 14,1 отсто за СДСМ, 7,1 отсто за ДУИ, 4,5 отсто за ДПА, 1,9 отсто за ГРОМ, 24,3 отсто за ниедна, додека со не знам одговориле 17,5 отсто.

anketa-d-500

Доколку оваа анкета се спореди со онаа која беше направена пред првиот круг од претседателските избори, ќе се забележи дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува, додека на СДСМ се намалува, што според аналитичарите е резултат на негативната кампања која ја води опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ тогаш имаше рејтинг од 27,8 отсто, додека СДСМ од 14,9.

Најновата анкета на „Димитрија Чуповски“ покажува дека граѓаните поддржуваат концепти, проекти и програма, наспроти негативна и плукачка кампања која ја практикува СДСМ.

Врз основа на добиените резултати, институтот Димитија Чуповски подготви и распоред на пратеничките мандати во идниот парламентарен состав според Донтовата формула. Согласно ова, ВМРО-ДПМНЕ би освоил 63 пратеника, СДСМ 31, ДУИ 15, ДПА 10 и ГРОМ 1.
anketa-d-1-500
Дури 29,7 отсто од испитаниците одговориле дека најголема доверба имаат во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, 6,5 отсто во Зоран Заев, 7,3 отсто во Али Ахмети, додека 4,4 отсто во Мендух Тачи.

43, 2 отсто сметаат деа ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на предвремените парламентарни избори, додека 12,9 отсто сметаат дека тоа ќе биде СДСМ. Претседателот Ѓорге Иванов има повеќе од двојна предност пред Стево Пендаровски. 33,8 отсто од испитаниците се изјасниле дека својот глас ќе го дадат за иванов, 14,2 отсто за Пендаровски, 26,7 отсто одговориле дека нема да гласаат, дека со не знам одговориле 25,3 отсто.
isntitut
Анкетите на Институтот Димитрија Чуповски важат за едни од најрелевантните, заедно со оние на Институтот „Павел Шатев“ и ИПИС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top