| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар пред нова сензација во Германија

По првото полувреме македонскиот шампион води со 14:13 на гости кај Фленсбург во првиот меч од дуелот со германскиот противник.

Со одличните одбрани на голманот Ангелов и трпелива игра во нападот Вардар успеа на полувреме да направи еден гол предност.

Домаќините беа немоќни во зоната на шутот откако голманот на Вардар со неколку ефектни одбрани го турна моралот на домаќините а Брумен и Карачиќ дадоа 4 ефектни голови во нападот.

Победникот од двомечот кој завршува идната сабота во пеколот во „Борис Трајковск“ ќе го даде еден од четирите учесници на годинашниот фајнал фор турнир во Келн во ракометната лига на шампиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top