| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Изградба на 22 километри пат за поврзување на Куманово и Крива Паланка

todorov-nikola

Носителот на листата за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија” во Третата изборна единица Никола Тодоров денеска во Крива Паланка изјави дека меѓу најголемите планирани проекти во таа општина е изградба на патот од Куманово до Крива Паланка, делница од Ранковце до Крива Паланка, во должина од 22 километри.
– Тоа ќе биде експресен пат којшто би требало да започне со градба во 2016, а да заврши во 2018 година. Станува збор за крупен инфраструктурен проект кој ќе овозможи многу подобро инфраструктурно поврзување помеѓу Куманово и Крива Паланка, но и Скопје и Крива Паланка, а исто така и дел практично од Коридорот 8 за поврзувањето помеѓу Скопје и граница со Република Бугарија. Проектот е во вредност од 66 милиони евра, истакна Тодоров.

Во Крива Паланка тој имаше средби со граѓани и ја посети манифестацијата „Велигденска традиција”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top