Бојкотот и уличната демократија која се заговара од луѓе блиски до опозиционата СДСМ единствено и одговара на Грција. Знаменосец на ваквата теза дека треба СДСМ да се откаже од демократска трка по гласови и преку бојкот и улична демократија да стаса до власта е новинарот Бранко Геровски. Тој некрие дека е отворен поддржувач на опозиционата СДСМ. На својот фејсбук профил но и низ повеќе колумни отворено повикуваше по лошиот резултат од претседателските избори во првиот круг каде СДСМ изгуби со разлика од околу 123 илјади гласа изборите да се бојкотираат, што би значело СДСМ да нема свои преставници во законодавниот дом, да дејствува континуирано од улица, со протести како единствен начин да се спротивстави на актуелната власт.
-Затоа, НЕМА ДРУГ ИЗЛЕЗ освен СДСМ да ги напушти институциите на системот, кои се под целосна контрола на режимот. Тврдам дека со тоа СДСМ само ќе добие. Ништо нема да изгуби, смета Героски.
И никаде тука не се спомна легитимна програма, проекти или реформи кои СДСМ би ги спровела доколку дојде на власт. Колку и да тврди СДСМ дека е силна и дека народот е незадоволен, изборите се најдобрата анкета и тест на расположението на граѓаните. Тие покажаа огромни 450 илјади гласа за владејачката опција и 123 илјади помалку за СДСМ. Било каква тенденција изборите да се прикажат за нерегуларни станаа банални особено кога најмеродавните -ДИК објавија дека изборниот процес течел регуларно и со минимални недостатоци .
Дека повиците за излегување на улица и креирање на хаос се многу опасни пишува во колумна и новинарот Дејан Николовски од Нетпрес. Тој укажува на тоа: доколку се обидеме да ја пресликаме ситуацијата за улична демократија во обратна смисла, дали од моментот кога ВМРО-ДПМНЕ еден ден би била опозиција, а тој момент еден ден мора да се случи, веднаш ќе треба да посегне по преседанот на вонинституционално дејствување.
-Факт е дека и двете опции имаат поддржувачи, но кога ВМРО-ДПМНЕ би извадила, тогаш сигурно ќе биде вмровски и радикално. Несомнено членовите на ВМРО-ДПМНЕ се порадикални отколку истите такви во СДСМ. А ако сега СДСМ одлучи да дејствува така, тогаш на ВМРО-ДПМНЕ нема ништо да му преостане освен да возрати на ситиот начин кога ќе биде во опзоција-пишува Николовски.
Но на кого му одговараат ваквите повици на знаменосците на СДСМ, одговорот е единствено на Грција- додава новинарот Николовски. При што атинските фанфаре ќе бидат многу гласни, и ќе си имаат аргумент против Македонија, бетонска подлога за негативни известаи. Тој заклучува дека форсирањето на идејата за воининстуционално дејствување за улична демократија е ништо повеќе од одработување за Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.