Во наредниот период со точно утврдени рокови во програмата „Проверено“ се предвидени голем број инвестициони проекти во делот на патната инфраструктура: изградбата на автопатот Александар Македонски од Демир Капија до Смоквица, изградба на автопатот Гоце Делчев од Скопје преку Свети Николе до Штип, изградба на автопатот Мајка Тереза, делницата од Кичево до Охрид, а ќе започне да се гради и автопатот од Требениште до Струга. Ова се само дел од проектите кои министерот Миле Јанакиески ги посочи на денешната прес конференција.
Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција
Почитувани граѓани, отчетноста, реформскиот курс, програма со точно утврдени рокови и средства се базични постулати во работата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија.
Денес граѓаните на Република Македонија се пред нов предизвик, пред нови ветувања, денес секој од нас има можност и е во состојба да направи разлика помеѓу остварени проекти и празни ветувања.
Денес секој од нас има можност да направи разлика помеѓу концептот на ВМРО-ДПМНЕ кој што значи ветено и остварено и концепт на СДСМ базиран врз ветено, а никогаш не започнато, базирано за жал врз груба манипулација врз сопствениот народ.
Денес изборот на овие парламентарни избори е повторно концептот на ВМРО-ДПМНЕ, нашата програма, програма која има голем број на проекти кои се предложени директно за граѓаните на Република Македонија, таа програма е реална и остварлива, направена со конкретни рокови за реализација на огромен број инфраструктурни проекти со нови 2046 проекти и креирање на 64 000 работни места.
Реализацијата на оваа програма значи: нов лик на нашата земја, подобри услови за живот, современ и ефикасен транспортен систем, модерно образование, нов здравствен систем, развој на земјоделието, тоа значи отворање на нови работни места и исчекор на економијата, на економска напредна и стабилна Македонија.
Денес на оваа прес конференција ќе се задржам само во делот на патната инфраструктура се со цел да направиме една разлика помеѓу проектите, визијата и програмата на ВМРО-ДПМНЕ и онаа на СДСМ. Во изминатиов период реализиравме крупни инфраструктурни проекти како во делот на патната така и во делот на железничката, само во делот на патната инфраструктура ја изградивме обиколницата околу Скопје кој сака опозицијата да ја скрие во должина од 26 километри, потоа во должина од девет километри го изградивме автопатот Табановце-Куманово.
Во наредниот период со точно утврдени рокови во нашата програма стои дека до 2016 година ќе ја завршиме изградбата на автопатот Александар Македонски од Демир Капија до Смоквица во должина од 28 километри инвестиција од 210 милиони евра.
Исто така ќе завршиме со изградба на автопатот Гоце Делчев од Скопје преку Свети Николе до Штип со должина од од 47 километри, рокот за изградба е 2017 година, а вредноста на инвестицијата е 206 милиони евра. Исто така ќе заврешиме со изградба на автопатот Мајка Тереза, делницата Кичево до Охрид, со должина од 57 километри, инвестиција од 374 милиони евра, градбата ќе заврши во 2018 година. За сите овие автопатишта финансиската конструкција е затворена и точно во програмата е ставено кога истите ќе завршат. За разлика од ова, во програмата на СДСМ, целокупниот дел за инфраструктура е само една и пол страница. Без точно определени рокови, без точно определена сума, без тоа кога ќе почне и кога ќе заврши. Тие имаат еден проект кој вели, автопатот Велес до Битола. Прашањето е како ќе се финансира тој пат, кога ќе започне, кога ќе заврши истиот и од каде ќе бидат обезбедени финансиски средства?
Покрај ова, во нашата програма стои дека ќе направиме обид за изнаоѓање на концесионер за изградба на два автопатишта, тоа е Гостивар – Кичево и автопатската делница од Скопје до Блаце. За ова веќе се започнати подготовките и очекуваме во текот на оваа година да распишеме повик за изнаоѓање на потенционален концесионер.
Исто така уште еден автопат кој ќе започне да се гради во наредните 4 години е автопатот од Требениште до Струга, дел од коридорот 8, во должина од 8,5 километри, со вредност од околу 50 милиони евра, а ќе го започнеме во 2016 година. Покрај тоа, на автопатиштата во Македонија кои веќе се изградени, ќе направиме целосна реконструкција на патот од Велес до Катланово, која ќе започне оваа година и е во вредност од околу 8 милиони евра, тој е дел од коридорот Александар Македонски, во должина од 23,5 километри.
Значи уште еднаш ќе потенцирам, во нашата програма има точно утврдени рокови и се знае кога ќе започне, кога ќе заврши и колку е вкупната сума.
Исто така ќе се реконструира дел од коридорот 10, делницата Смоквица – Гевгелија, во должина од 10,5 километри, со проектирана вредност од 7 милиони евра. Ќе се реконструираат делниците Неготино до Демир Капија и од Куманово до Миладиновце во вредност од 23 милиони евра. Сите овие делници ќе бидат завршени во 2017 година. Трите делници кои се планирани да се реконструираат како дел од коридорот 10 ќе бидат завршени во 2017 година.
Потоа планираме во правец кон Бугарија да започне првата фаза од изградба на пат, експресен пат кон Бугарија, должината на оваа прва делница од Ранковце до Крива Паланка е 22 километри, се очекува да биде околу 70 милиони евра, а рокот за реализација е од 2016 до 2018 година.
Ова се само делот на инвестиции од патната инфраструктура, од другата страна имаме понудено само еден автопат каде што немаме ниту рокови, ниту финансиска конструкција, ниту кога ќе започне, ниту кога ќе заврши самиот проект. Потоа имаме друга инвестиција во патната инфраструктура.
Ни следи проширување и реконструкција до ниво на експресен пат на делницата Штип-Кочани многу занчаен пат за развој на источна Македонија во должина од 26 километри, вредност на инвестицијата од 23 милинони евра, а истата треба да започне некаде кон крајот на 2017 година, до тогаш ќе се припрема тендерската документација и потребно е време за обезбедување на финансиски средства.
Исто така предвидено е изградба на нов експресен пат со 4 ленти од Охрид до Пештани, во должина од 14,5 километри и овој пат треба да заврши до 2018 година, како и експресен пат од Штип до Радовиш во должина од 38 километри, чија градба треба да почне во 2017 година. Вкупно овие два експресни патишта вредат 120 милиони евра. Има и други проекти. Многу значаен за делот на пелагонискиот регион кој ќе се реализира од 2015 до 2019 година, е изградба на експресен пат во 4 ленти од Градско преку Росоман до Прилеп во должина од 28,3 километри, вкупна инвестиција од 70 милиони евра. Овој пат ќе се реализира во неколку фази, ќе започне во 2015 година, а треба да заврши во 2019 година.
Почитувани, само овој мал дел од презентирање на изградба на патиштата, тука не ги спомнав голем дел на регионални патни правци, не ги спомнав локалните патишта кои се реализираат и ќе завршат со реализација во 2015 година. Во нашата програма има точно утврдени рокови, точно потребни финансиски средства, точно се знае кога патиштата ќе започнат и кога ќе бидат завршени. Ние впрочем за сите досега активности издадовме и отчет. Ги повикувам граѓаните да го прочитаат отчетот и ќе видат дека сите патишта што се реализирани се со точно утврдена сума, точно утврдени рокови. Отчетот е базата врз која ВМРО-ДПМНЕ ги нуди идните проекти за граѓаните на Република Македонија. Сакам да повикам, граѓаните да направат разлика да одат на проверено, бидејќи овојпат даваме програма која е направана на реални финансиски потреби. Ние точно знаеме во која година ќе започне со изградба, од каде ќе ги обезбедиме финансиските средства. Имаме капацитет. Имаме во фаза на припрема голем број на проекти кои треба да се реализираат. Програмата во делот на инфраструктурата опфаќа најголем дел во нашата програма. Програмата на СДСМ е неполни 2 страници. Тоа ја покажува разликата помеѓу концептите што се нудат на овие парламентарни избори, помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Денес, како што ви кажав, истакнавме само дел од покрупните инвестициони проекти од нашата програма. Ние се држиме до она што го ветивме пред нашите граѓани. Луѓето со нас знаат дека тоа што го кажуваме и го сработуваме, затоа ги повикувам да одат на проверено, да направат разлика и на денот на изборите да одберат продолжување на развојот и подобрување на инфраструктурата во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.