| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи: Да ги казниме тие што не спречуваа да гласаме

taci menduh

Претседателот на ДПА Мендух Тачи синоќа на митингот во Желино, Тетовско, им порача на членовите и симпатизерите дека со гласањето на 27 април ќе ги казнат политичарите кои досега им забранувале да гласаат.

– На добар пат сме да ја смениме оваа тешка ситуација. Знам дека на 13-ти април ви беше тешко да гласате, поради големиот притисок, но како што се вели, после нешто лошо доаѓа нешто добро. Опонентите се служат со репресија врз својот народ – рече Тачи.
Тој рече дека нема соодветен политички противник во лидерот на ДУИ Али Ахмети.- Немам соодветен политички противник за дебата, туку полемизирам со неговите лаги. Три пати поставија темел на инустриската зона во Тетово, ама уште не почна да функционира. Најавија илјадници вработувања, испаднаа илјадници лаги. Морам со иронија да зборам за Ахмети, бидејќи со неговите настапи е под секоја норма. Еднаш дури кажа дека тој ја растурил Југославија – посочи Тачи. Според него, тие што биле уценети да не гласаат на 13-ти април сега се многу незадоволни и се уште повеќе определени да ги казнат тие што ги спречиле да гласаат.

– Секој што има право на глас, не треба да трпи репресија како што сега тоа го прават, но сите ќе одговораат пред нас. Тоа ќе биде возможно со гласање, кога ќе ги казните на 27-ми април и ќе се избориме за наша слобода, истакна Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top