| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена Жугиќ: Владата ги отвори вратите на театарските институции

1jelena.jpg500

Актерката и кандидат за пратеник во Првата изборна единица Јелена Жугиќ од отвореното студио пред почетокот на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во општина Аеродором, рече дека оваа Влада ги отворила  вратите на театарските институции.

Таа додаде дека во изминатиот период се вработиле над 100 млади актери,  кои како што нагласи, во минатиот систем биле безизлезни по завршувањето на драмската академија.

Во наредните четири години, појасни, се предвидени и ќе се реализираат голем број проекти од областа на културата.

– Јас ќе ви кажам дека Струмичкиот театар е пред самиот крај, дека се ставија темелите на Турскиот театар, дека се реконструира Албанскиот театар, дека во план во наредните четири години е изградба на нов објект на старото место на Драмски театар, на старото место на театар Центар и се градат објекти и се вложува во меѓународната дејност на македонската култура. Самите проекти што сме ги добивале од Министерството за култура сега се со поголем буџет, значи апсолутно мислам дека буџетот кој што оваа Влада го двои за културата од година во година се зголемува, а притоа нашето ресорно министерство многу умно и многу паметно го троши тоа – истакна Јелена Жугиќ.

Додаде дека во изминатите 4 години за првпат се преведени 130 автори, македонски автори на англиски јазик и дека за првпат е отворена библиотека за слепи лица во Република Македонија.

– Доколку имаме 62 пратеника освен овие предвидени 2046 проекти ќе се реализираат уште најмалку 100 проекти – потенцираше Жугиќ.

Според неа, мерката за бесплатна посета на тетатар за млади лица, е една од најзначајните мерки од областа на културата и нагласи дека секој четврток очекува голема гужва пред тетатрите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top