Рано утрово, околу 5 часот во Скопје, лицето П.Б. од Р.Франција, кој престојува во хостелот „Рекорд“- Скопје, откако излегол од ноќниот клуб „Станица 26“, бил пресретнат од 4 непознати лица, кои насилно го внеле во патничко моторно возило со сива боја, непозната марка и регистарски број.
Напаѓачите почнале да го удираат, го претресле и му го одзеле мобилниот телефон „ајфон 4“, часовник и јакна во која имало паричник со 2.000 денари, 15 евра, платежни картици и француска лична карта, а потоа го оставиле на непозната локација на подрачје на Ѓорче Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


