| четврток, 6 декември 2018 |

Жозев Дол во името на ЕПП со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Иванов (видео)

zozev

Жозев Дол, кој е претседател на највлијателната политичка партија во ЕУ во името на целата Европска народна партија застана со поддршка зад ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и поддршка за Ѓорге Иванов на овие избори.

Тој во специјално снимена порака изјавува дека од негово лично име и во името на целата Европска народна партија изразува поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за престојните избори.

-ВМРО-ДПМНЕ е почитуван и клучен партнер во политичкото семејство и Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов може да смета на поддршката на Европската Народна Партија, вели Дол..

Жозев Дол е убеден дека Иванов ќе ја води државата во вториот мандат со истата мудрост и достоинство кои ги покажа во првиот мандат. Тој нагласува дека државата под водство на владата на Груевски ја либерализира економијата, се задржа дисциплината во јавните финансии и се надмина бурата предизвикана од глобалната финансиска криза и затоа македонската економија бележи брз раст.

Дол во обраќањето изразува верба дека државата ќе ја завземе улогата на полноправна членка на ЕУ и дека заедно со премиерот Груевски ќе се залага тоа да биде реалност која ќе обезбеди подобра иднина на Македонците и дека најважниот чекор за ова е одлуката на 27 април. Тој е убеден дека со напорната работа и лидерството на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува победа на престјните избори.

Инаку, Жозеф Дол е претседател на Европската народна партија кој оваа функција ја превзема веднаш по починувањето на Вилфред Мартинс минатата година, a неговото место беше официјално потврдено на Конгресот на Европската народна партија кој се одржа март годинава во Даблин а на кој присуствуваше и Никола Груевски.

Европската народна партија со која раководи Дол е најголемата политичка партија на европско ниво, со 12 шефови на влади на држави од Европската унија, 13 членови на Европската комисија како и со најбројна група во Европскиот парламент. Таа претставува најголемата и највлијателна политичка партија на повеќе одлучувачки нивоа во ЕУ.

Во Европската народна партија се обединети партиите на германската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Мариано Рахој, полскиот премиер Доналд Туск, премиерот на Унгарија Виктор Орбан, а од оваа политичка структура доаќа и актуелниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top