По поразот од Кил во првиот четвртфинален натпревар од 31-21 на домашен терен тренерот на РК Металург Лино Червар и посака успех на своите противници на фајнал-фор турнирот во Келн.
– Дојдоа гладни за победа, тоа што го красеше Металург во текот на целиот циклус од Лигата на шампионите. Што да се каже после пораз од десет разлика. Само можам да му честитам на тренерот на Гисласон за одличната игра во Скопје. Искрено посакувам токму Кил да ја освои Лигата на шампионите оваа година. Сакам да им се извинам на целата македонска ракометна јавност заа слабата игра денеска. Ние денеска бевме поразени во борбеноста на терен. Жал ми е што не успеавме да ја израдуваме македонската публика на Велигден – изјави Червар по натпреварот.
Тренерот на Кил Гисласон се заблагодари за одличниот однос на домаќинот и на целата публика во салата.
– Честитки за Металург што успешно го презентираат ракометот во Македонија и на балканот воопшто. Се надевам на големи успеси за вашиот тим во иднина и успех во годините што следат – изјави тренерот на Кил по натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.