| четврток, 6 декември 2018 |

Северина очајна:Александар го прославува Велигден со Милан во Србија

O

 Пеачката Северина, наводно е целосно разочарана, откако нејзиното поранешно момче Милан Поповиќ го одвел нејзиниот син Александар во Сбија за велигденските празници.

-Милан е пресреќен што конечно еден голем празник ќе помине со детето. На доаѓањето на малиот Александар во Вршац се радува и баба Радојка, која внукот пред две недели го виде првпат после седум месеци. Таа со Милан подготвила бројни подароци- изјавил еден извор за српски Курир.

-Северина е бесна што ќе остане сама бидејќи истиот ден и католиците го слават Велигден. На неа сега и се враќа што на Поповиќ не му дозволила  со синот да го прослави Божиќ. Ја одбила неговата молба да се дружи со детето, бидејќи празникот не паѓал во викенд во кој тој можел да биде со малиот. Не дозволи да бидат заедно и не сакаше да се согласи да ги заменат деновите, иако Милан секогаш и излегува во пресрет кога се во прашање барањата за гледање со синот- додал изворот.

Тие двајцата повторно ќе излезат пред суд, со оглед на тоа дека Северина се жалела на пресудата по која Милан може да го носи дететео, надвор од Хрватска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top