Роже Федерер експресно со 2-0 (7-5, 6-2) го победи минатогодишниот победник на Мастерс турнирот во Монако србинот Новак Ѓоковиќ. Федерер потсети на старите добри времиња од пред неколку години кога му немаше рамен во светскиот тенис. Во нути еден момент од натпреварот вториот светски рекет Ѓоковиќ не успеа да му парира во полуфиналето и да проба да ја одбрани титулата од минатата година. Единствената шанса Србинот ја имаше при водтсво од 5-4 го првиот сет и две брејк топки во следниот гем за да го осви првиот сет. Тоа не успеа да го искористи и искусниот „Федекс“ знаеше како да стигне до првиот сет. Федерер во вториот сет експресно стигна до два брејка и го освои сетот со 6-2. Ова ќе биде четврто финале за Швајцарецот и ќе проба да го освои турнирот откако претходно на три пати не успеваше против Рафаел Надал.
Во второто полуфинале Станислас Вавринка истотака со 2-0 (6-1, 7-6) стигна до финалето со победата над Давид Ферер кој се чинеше немаше сила по победата над Надал во претходното коло.
Финалето се игра утре кога ќе се сретнат двајцата швајцарски тенисери кои го немаат освоено овој турнир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


