| четврток, 6 декември 2018 |

Ермира Мехмети: Рано е да се зборува за коалиции

ermira-mehmeti-2

Во овој момент мислам дека сe уште е рано, особено што сме во кампања, да даваме некакви оценки како би изгледала новата влада, затоа што тоа сепак влијае кај гласачите, вели Ермира Мехмети од ДУИ во интервју за „Радио Слободна Европа“.

На прашањето дека Али Ахмети најави оти во вториот круг нема да поддржи ниту еден од претседателските кандидти Мехмети вели дека она што е најизвесно во овој момент е дека ќе има претседател избран без целосен легитимитет.

– Без разлика што тој може да освои и милион гласови, но сe додека тие ги застапуваат само гласовите на македонската етничка заедница, тоа ќе значи дека тој претседател ќе владее всушност со криза на легитимитет – вели Мехмети во интервју за „Радио Слободна Европа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top