| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните веќе не може никој да ги излаже, веруваат само на јасна програма и визија

Изборот на овие избори е концептот на работливост и концептот на постојана манипулација. Стандардите се поставени високо и секој што ке се обиде да парира на актуелната власт ќе треба да понуди многу повеќе од тоа. Изборот на овие избори е сведен меѓу Груевски и Заев и се она што тие го преставуваат.

Концептот на брзи и коренити промени во партијата, одлучноста и работа заоснована на постојана отчетност која ја застапува Груевски се покажа како добитна и успешна варијатна.

Таквиот систем застапуван од Груевски низ овие неколку години забележуваше постојани надоградувања, па така партијата постојано се подмладуваше со успешни кадри од странство како и прибирање на квалитетни кадри внатре во државата.

vmro vo skopje 24 (Custom)

Од друга страна Груевски со својот систем на управување првиот и вториот ешалон постојано го држи под будност правејки промени и рокади, отворени огласи, како и процесот на новиот бран каде беа променети повеќе функционери. Сето тоа според аналитичарите дава резултат.

За разлика од ова во СДСМ речиси и да нема промени, таму се истите кадри од времето на Црвенковски кои активно учествуваа во неговите влади како и владите потоа кои без сменети и подоцна ја изгубија поддршката од граѓаните.

Заев не се покажа како лидер кој има храброст, ниту волја да направи коренити промени, едноставно за него беше подобро да го продолжи стариот систем и да не бранува, не менувајќи ги кадрите кои губат на изборите неколку пати по ред.

Дека политиките на Црвенковски активно  продолжува од страна на раководството на СДСМ и Заев се гледа во составот на најновите листи за пратеници каде СДСМ не излезе од партиската рамка и понуди исклучиво стари партиски кадри, без никаква иновација.

Згора на тоа се покажа како апсолутно погрешен и потегот каде Заев и раководството се амнестираше себе си од одговорност и не се стави на листите за пратеници одбегувајќи да се соочи со народот.

За аналитичарите сигурно е дека и овој пат Заев показува концепт кој е далеку од квалитетот,  вредностите и начинот на работа кои ги застапува Груевски. Граѓаните го имаат и искуството со што нивните оцекувања се поголеми поради што сега  единствено веруваат во прецизна програма и визија за иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top