| четврток, 6 декември 2018 |

Наџински: Во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е предвидена изградба на ски-центар во Берово

Берово е еден од 5-те градови, петата туристичка дестинација во Македонија. Со градење на туристички објекти побрзо ќе се развива туризмот. Во Програма „Проверено“ на ВМРО-ДПМНЕ е предвидена изградба на ски-центар во Берово, истакна градоначалникот Драги Наџински во отвореното студио пред почетокот на митингот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Берово.

Наџински потенцираше дека еден од најголемите и најзначаните проекти е изградбата на патот Скопје- Миладиновци- Штип, кој ќе допринесе за побрзо да се стигне до Берово.

-За прв пат граѓаните на Берово ја видоа ја разликата во работењето на ВМРО-ДПМНЕ и неработењето на нашите политичи опоненти, затоа што Берово се промени. Кога нашите опоненти работеа целото стопанство во Берово згасна, сега Берово го промени својот лик, додаде Наџински.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top