| четврток, 6 декември 2018 |

Божиновски: Целта на Груевски за 62 пратеника станува реалност

Vladimir Bozinovski

Нај­важ­но кај еден по­ли­ти­чар во Ма­ке­до­ни­ја е да се има до­вер­ба во не­го и да е че­сен. Ѓор­ге Ива­нов го по­ка­жа тоа. По­ка­жа де­ка е че­сен, а ВМРО-ДПМНЕ му по­мог­на да има­ат до­вер­ба во не­го – ва­ка ана­ли­ти­ча­рот Вла­ди­мир Бо­жи­нов­ски, сопс­тве­ник на Ин­сти­ту­тот за по­ли­тич­ки истра­жу­ва­ња Скоп­је,во интервју за неделникот Република  ја ко­мен­ти­ра раз­ли­ка­та од 122.000 гла­са ме­ѓу Ива­нов и про­ти­вкан­ди­да­тот Сте­во Пен­да­ров­ски по пр­ви­от круг од пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри. Ве­ли гла­сот за Ива­нов е глас за ВМРО-ДПМНЕ, а гла­сот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за Ива­нов.

– Тие, ед­но­став­но, ги со­браа си­те свои гла­са­чи и под­др­жу­ва­чи за­ед­но. Од дру­га стра­на, кај СДСМ имав­ме две кам­па­њи. СДСМ во­де­ше ед­на, а Пен­да­ров­ски бе­ше оста­вен сам да си те­ра дру­га кам­па­ња – ко­мен­ти­ра тој.

Кол­ку таа раз­ли­ка мо­же да вли­јае де­мо­ти­ви­рач­ки на опо­зи­ци­ја­та?
Бо­жи­нов­ски: Ако се се­ќа­ва­те, пред не­ко­ја не­де­ла по­ста­вив број­ки. На овие из­бо­ри не ста­ну­ва збор за тоа кој ќе по­бе­ди, ту­ку кол­ка­ва  ќе би­де раз­ли­ка­та. Исто­то ва­жи за пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри, исто­то ва­жи и за пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри. По­ста­вив ед­на про­ек­ци­ја – раз­ли­ка од 50.000, 100.000 и пре­ку 100.000. Ако Ива­нов има­ше по­мал­ку од 50.000 гла­са, тоа ќе вли­ја­е­ше мо­ти­ви­рач­ки за опо­зи­ци­ја­та и не­ма­ше да по­бе­дат на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри, но мо­жеа да по­стиг­нат не­кој ре­зул­тат сли­чен на тој од 2011 го­ди­на. Ако е ме­ѓу 50.000 и 100.000 ни­што не­ма да се сме­ни. А пре­ку 100.000 има обрат­на си­ту­а­ци­ја, ка­де што опо­зи­ци­ја­та се де­мо­ти­ви­ра, а кај вла­ста се до­би­ва до­пол­ни­те­лен мо­тив да се из­ле­зе и да се гла­са.

 Да­ли  тоа зна­чи де­ка е ре­ал­на жел­ба­та на Гру­ев­ски за 62 пра­те­ни­ка?
Бо­жи­нов­ски:  Да. Со раз­ли­ка по­ви­со­ка од 100.000 гла­са ве­ќе мо­же да се збо­ру­ва за тоа што е цел на ВМРО-ДПМНЕ и на пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски за 62 пра­те­ни­ка, од­нос­но ап­со­лут­на власт. Тоа е се­га воз­мож­но. До не­де­ла­та се че­ка­ше. Се­га ве­ќе мо­же да го­во­ри­ме де­ка тоа е воз­мож­но. Јав­но­то мис­ле­ње во Ма­ке­до­ни­ја те­шко се ме­ну­ва. Тие  120.000 мо­же да би­дат и 140.000, што но­си ап­со­лут­но мно­зинс­тво.

Целото интервју со Божиновски можете да го прочитате во најновиот, 85. број на неделникот Република, што од денеска, 17 април 2014 година е во продажба

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top