| четврток, 6 декември 2018 |

Костадиновски: Граѓаните и бизнис-заедницата знаат да направат разлика и да одат на проверено

Заради постигнување на една од стратегиските приоритети и цели, од Програмата 2014-2018 година, подобрување на стандардот на граѓаните и фирмите, ветуваме подобрување на условите за водење бизнис и бизнис климата во Македонија намалување на административните процедури, истакна на денешната прес-конференција Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ.

vanco kostad

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Ванчо Костадиновски.

Костадиновски ги посочи проектите кои треба да се реализираат:

Проект за целосна имплементација на мерките за регистрационен агент, каде во еден чекор преку сметководителите – регистрациони агенти или лично поднесена пријава со електросни потпис на подносителот , се поднесува документација за регистрирање на фирма без никаков надомест. Поднесената пријава се одобрува и се издава решение за регистрирана фирма во електронска форма. По издавање на Решението фирмата нема обврска да набави печат за задолжителна и официјална употреба во правниот промет ниту при обраќање на фирмите кон Државните институции со што се скратува уште една процедура и трошоци за отпочнување бизнис. Со ова Република Македонија ќе се вклучи во најсовремените пракси од оваа област во ЕУ и англоамериканското подрачје. Финансиски ефекти од сет на мерки: 18. 000. 000 денари годишно целосно на располагање на новооснованите фирми.

Проект за воведување на регистрационен агент за целосно онлајн поднесување на документи за регистрација на промени во фирмите, статусни промени и бришење на фирмите. Суштината на проектот е да се намали административниот товар на странките и да се исфрли хартијата за ваков вид на постапки во Едношалтерскиот систем на ЦРМ, намалување на трошоците и за странките и за ЦРМ,  штедење на време и забрзани постапки и поголема ефикасност во одлучувањето.

Проект за воспоставувње на бесплатен пристап, преку веб страната и преку мобилна апликација, на основни податоци податоци за фирми ( ЕМБС, Назив и статус ). Целта е да се зголеми користењето на податоците преку овој систем и можност за добивање на повеќе информации во врска со достапните електронски услуги кои ги нуди ЦРМ.

Проект за НАДГРАДБА НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ СТЕЧАЈ, преку  целосна имплементација на модулот  е-Аукција, ќе се овозможат електронски аукции за продажба на имотот од стечајната маса на правните субјекти во стечај. На тој начин ќе се намалат времетраењето на стечајната постапка и трошоците за нејзино спроведување, а ќе се зголеми повратот на средствата на доверителите кон претпријатието. Преку развивање на вториот модул, ќе се овозможи праведна распределба на предметите за стечај на стечајните управници согласно со последните измени на Законот за стечај. Надградбата на системот за електронско водење стечајни постапки ќе придонесе за поефикасно и транспарентно водење на стечајните постапки. Придобивките од овој проект се:

–       ефикасна и транспарентна продажба на имотот од стечајната маса со електронско наддавање;

–       праведен избор на назначувањето на стечајните управници без можност за човечко влијание во изборот и

–       рамномерна распределба на стечајните постапки, и

–       други проекти што ќе овозможат квалтетна бизнис клима во РМ и подобрии услови за започнување , водење и затворање на бизнис.

Во изминатите неколку години, сите граѓани на РМ,  бизнис заедницата и професионалните корисници на услуги од Централниот Регистар на РМ имаа можност да се уверат во резултатите од реализираните проекти во ЦРМ како дел од програмските определби на ВМРО ДПМНЕ и Владините програми за работа.

Граѓаните и фирмите се директни корисници на услугите од повеќе регистри кои се воведоа изминатите неколку години,  кои се развија како Јавни електронски книги достапни  за целата јавност на повеќе начини, и тоа:

–       Во хартиена форма од неколку минути до неколку часа за добивање на услуга  или

–       Во реално време по електронски пат преку веб страната на ЦРМ,  а такви се

–       Регистарот на прекршочни и кривични санкции во 2010 година

–       Регистарот на дисквалификувани субјекти ( црна листа ) 2011 година

–       Регистарот за водење електронски стечај 2011 година

–       Регистар на задолжници 2012 година, понатаму

–       Онлајн систем за регистрација на фирма 2011 година

–       Онлајн  услуги за бизнис заедницата во неколку пакети на антикризните мерки на Владата на РМ

–       Веб сервиси за државните институции и приватниот сектор

–       Системот за електронски потврди 2013 година

–       Онлајн систем за поднесување на Годишни сметки 2014 година,

–       и многу други услуги како дел од Стратегијата на ВМРО ДПМНЕ за подобрување на условите за водење бизнис во РМ за домашните и странските компании.

 

Граѓанинот или фирмата е во фокусот на Програмата на ВМРО ДПМНЕ затоа што знае да разликува:

–       на пример, разлика од регистрација на фирма за 4 часа без никакви трошоци или регистрација на фирма за 40 денови и 500 евра,

–       на пример, Разлика од добивање на Тековна состојба во реално време или добивање на извод од регистрација за месец дена

–       На пример, разлика од поднесување на Годишни сметки од компјутер од било каде или редици пред шалтери

–       На пример, разлика од добивање на бонитет за фирма од било каде во реално време или добивање на бонитет за месец дена

–       Или на пример, разлика од врвот во Европа и Светот  за започнување на бизнис или на дното според Дуинг Бизнис извештајот на Светска Банка.

Граѓаните и бизнис заедницата знаат да направат разлика и да одат на проверено, не заради светските признанија на РМ кои се признание и на политиките на ВМРО ДПМНЕ туку, заради сигурноста и довербата стекната од користите кои ѓи имаат од проектите досега реализирани според ветеното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top