
Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера од Бутел ги побара гласовите од албанците на претстојните парламентарни избори за со максимален број пратеници да може да ги реализираат идеите и проектите со полн легитимитет.
Говорејќи за идејата за консензуален претседател, Ахмети рече дека не е тесно – партиска и не е насочена против никого.
– Попусто не обвинуваат од некои партии дека поддржуваме некого на претседателските избори, дека за некого одработуваме. Нашето гласачко тело не наседнува на такви измислици креирани поради нивни, тесно-партиски интереси. Напротив, нашата идеја е длабоко државничка. Оваа земја не е едно национална, па со гласовите на една етничка заедница да се избира претседател. Мора, во интерес на државата и сите етнички заедници, да имаме претседател кој ќе го црпе легитимитетот од сите граѓани. Верувајте ми дека и тој ден ќе дојде и таквиот претседател први ќе го поздрават Македонците, зашто ќе разберат дека е и во нивен интерес, истакна Ахмети.
Претходно, ДУИ одржа митинг и во училишна сала во населбата Ченто, од каде лидерот на партијата и кандидатите за пратеници ги повикаа своите симпатизери да го поддржат бојкотот на претседателските избори и во вториот круг, на 27 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


