| четврток, 6 декември 2018 |

Политичарите и денеска на средби со граѓаните

Pretsedatelski izbori prv krug 2014  (15) (Custom)

Политичките партии денеска ја продолжуваат кампањата за предвремените парламентарни избори и за вториот круг од претседателските избори закажани за 27 април.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за претседател Ѓорге Иванов денеска митинзи ќе одржат во Виница и Берово, а средби со граѓани во Пехчево.

Кандидатите за пратеници на ДУИ ќе имаат митинг во Ресен и средби со граѓани во Битола.

Демократската партија на Албанците ќе одржи митинг во Студеничани.

ГРОМ ќе одржи митинг во општина Бутел, а ќе има и средби со граѓани во општините Карпош, Чаир и Аеродром.

Претседателот на Алијанса за позитивна Македонија Љупчо Зиков ќе го посети СОС Детско село во Скопје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top