Денеска од 10 до 14 часот во скопската населба Илинден ќе се одржи осмата манифестација „Подарете книга за велигденско јајце“ во Домот на културата.
По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, учениците од трите основни училишта и децата од градинката во општина Илинден ќе украсат 2.014 велигденски јајца. Децата ќе му подаруваат јајце на секој посетител што за возврат ќе подари книга. Собраните книги се наменети за Општинската библиотека Илинден.
Во изминатите седум години во оваа манифестацијата се собрани преку 22.000 книги.
Од општина Илинден изразуваат благодарност до претставниците од бизнис секторот, повеќе издавачки куќи, научни институции, факултети, ученици од основните училишта, како и големиот број граѓани кои дарувале книги за првата Општинска библиотека Илинден и за библиотеките во основните училишта „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.