| четврток, 6 декември 2018 |

Рудникот „Саса“ вложува во подобрувањето на безбедноста и на здравјето на рударите

rudnik Sasa
Рудникот за олово и цинк „Саса“ годинава продолжува со инвестициски вложувања за подобрување на безбедноста и здравјето на рударите.
Само во опрема на рудничката амбуланта со специјално санитетско возило, дефибрилатор и други медицински апарати „Саса“ инвестираше педесетина илјади евра.
Откопот на руда, техничко-технолошкиот процес во флотацијата и производството на оловно-цинкови концентарти во „Саса“ се одвива континуирано во текот на целото деноноќие, поради што е обезбедено и 24-часовно присуство на лекар и друг медицински персонал.
Во рудникот се засилени превентивните мерки кон сите вработени, со цел да се намалат повредите на работа и евентуалните несреќни случаи. Воведени се, и редовно се практикуваат, алко тестови на рударите и задолжителни систематски прегледи за сите вработени.
Според д-р Гоце Младеновски, преземените мерки веќе даваат конкретни резултати, за што говори фактот дека професионалните заболувања од силикоза се сведени на минимум.
– За набавка на амбулантното возило од типот „рено – трафик“ издвоивме 46.000 евра, а за лична заштитна опрема на рударите годишно вложуваме по околу 130.000 евра – вели директорот за инвестиции и развој на „Саса“ Максим Прохоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top