Шеснаесет обвинети поради злоупотреби со нафта со која биле снабдувани повеќе државни институции во случајот “Керозин” добија повеќе од 80 години затвор.
Првообвинетиот Ангел Пецов (59) доби највисока затворска казна во траење од 12 години, како и парична казна 0д 5.000 евра, а неговата сопруга Мариче Пецова доби казна затвор 0д 11 години и парична казна од 4.000 евра. Нивниот син, Љупчо Пецов, судот го осуди на 9 години затвор.
Групата преку неготинската фирма “Алма комерц” точела помало количество нафта отколку она што било договорено со повеќе државни институции, пред се општини и училишта, со што го оштетиле буџетот за речиси 2.5 милиони евра.
Судскиот процес за случајот “Керозин” започна кон крајот на август 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
13 и 12 години затвор за тројцата обвинети за злоупотреба на малолетничката која остана бремена
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга



