-Дали ќе може во знак на мултинационалноста да им стави кечиња на гардистите од АРМ – запраша денес пратеничката на ДПА, Мерал Узеири-Ферати, на расправата по предлогот за нов министерски состав од ДУИ во Владата. Нејзиното следно прашање беше дали новиот вицепремиер за евроинтеграции ќе ја внесе земјата во ЕУ.
-Досегашните статисти ги заменувате со нови статисти. Министрите од балет сега ќе ги водите во театар. Предлагам ДУИ да отвори нови две министерства, министерство за космос и министерство за Гинис. Бидејќи некои министри ќе го срушат Гинисовиот рекорд за тоа колку долго извршуваат функција министер. ДУИ ја измисли професијата министер. Некои министри ќе се испобунат утре во кое министерство да дојдат на работа и каде да влезат – рече во Сорбанието пратеничката Узеири-Ферати.
Таа ја напаѓаше албанската партија која е во владината коалиција дека нејзините функционерите се само статисти во Владата и немоќни се да направат нешто за Албанците. Смета дека се само церемонијал војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



