Интензивното пропагирање на идејата за вонинституционално дејствување на проопозициските новинари и некои од членовите на СДСМ ќе биде погубно за Македонија, а добитно за Грција, смета уредникот на „Нетпрес“, Дејан Николовски.
-Знаменосец е главниот уредник на порталот „Плусинфо“ и на дневниот весник „Слободен печат“, Бранко Героски. Очигледно, опозиционерите и нивните пулени, не гледаат друг излез од катастрофалниот изборен пораз, кој го доживеаја во првиот круг од претседателските избори, а кој им гарантира дебакл и на претстојниот втор круг, но и на парламентарните избори. Очајни се. Едноставно неможат да се помират дека повторно остануваат во опозиција – пишува Николовски.
Според него, од суштинско значење е прашањето кому најмногу всушност му значи идејата на на знаменосецот Героски, силно поддржана од другите проопозициски новинари и од опозициската коалиција?
-Одговорот е едноставен – Грција! Зошто тоа е несомнено нашиот јужен сосед? Атинските фанфарите ќе бидат многу, многу гласни во Брисел. Ќе си имаат голем аргумент против Македонија. Бетонска подлога за негативни извештаи. Аспирантот за влез во ЕУ – Македонија, земја со континуирана политичка нестабилност, земја со постојани проблеми. Форсирањето на идејата за вонинституционално дејствување, за т.н. улична демократија е ништо повеќе од одработување за Грција. Опасно е. Многу е опасно за македонската економија, за сите граѓани во земјава, за безбедносната ситуација, за надворешната политика на државава, и за нашите евроатлантски аспирации. Едноставно ќе биде многу погубна за Македонија, но многу добитна за Грција – пишува Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.